Светиот Отец го прими претседателот на Република Хрватска

Во четврток 10 октомври папата Фрањо во Апостолската палата во Ватикан го прими на аудиенција претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ, кој оствари средба со Државниот секретар Тарчизио Бертоне, а на средбата присуствуваше и секретарот со односи со државите, архиепископот Доминик Мамберти, соопшти Канцеларијата за печат при Светата Столица.

За време на разговорите кои поминаа во срдечна атмосфера, откако беше потсетено на долгата католичка традиција на Хрватска, изразено е задоволство од добрите билатерални односи, кои се темелат на четирите постоечки договори, кои ја поттикнуваат соработката помеѓу Црквата и државата за општо добро на хрватското општество.

Во продолжение на разговорите изразено е задоволство поради влезот на Хрватска во Европската унија и е разговарано на теми од заеднички интерес. Исто така се спомнати предизвиците со кои мора да се соочи земјата во сегашната економска криза, како и во регионален контекст со посебен осврт на ситуацијата во која се наоѓаат Хрватите во Босна и Херцеговина.

На крајот соговорниците се осврнаа на меѓународната ситуација со посебен акцент за состојбата на христијанските заедници во светот, се наведува во соопштението за средбата на папата Фрањо и хрватскиот претседател.

го*ко

Категорија: Свет

За авторот