Започна пленарната сесија на Советот на европските епископски конференции

Започна пленарната сесија на Советот на европските епископски конференции

Во пораката Светиот Отец ги охрабрува учесниците секогаш да пронаоѓаат нови начини за остварување на великодушна и одговорна солидарност, со откривaње на патиштата на братската пасторална соработка.

Пленарната сесија на Советот на европски епископски конференции која се одржува во Познан на тема „Духот на солидарноста во Европа“ започна на 13 септември 2018 година во попладневните часови. Свечноста за отворањето во присуство на 43 претседатели и делагати на европски епископски конференции, меѓу кои и десет кардинали и полскиот премиер и други претставници на полските власти е одржана во центарот „Базар Познански“ во Познан.

Пред отворањето, се одржа прес-конференција на која темата на пленарата сесија ја претставија претседателот на CCEE надбикуспот на Џенова кардиналот Анџело Бањаско и потсепретседателите на CCEE кардиналот Винсент Николс надбискуп на Вестминстер и надбискупот на Познан монс. Станислав Гадецки.

На почетокот од работниот дел на сесијата собраните најпрво ги поздрави домаќинот надбискупот Гадецки. Црквата мора да ја сочува верата и да го отвори човекот за Бог, односно да го отвори созданието за Создателот. Драматичната историја на нацизмот и комунизмот, големите безбожни диктатури во нашето време покажуваат дека распуштањето и отсуството на верата го турка светот во бездна. Ако моралната сила која ја сочинува нашата вера одеднаш се истргне од човечкото срце со човекот се случува истото што и со бродот кога ќе удри во санта мраз рече меѓу останатото надбискупот Гадецки.

Потоа апостолскиот нунциј во Полска монс. Салваторе Пенакино ја прочита пораката на папата Фрањо. Упатувајќи срдечни поздрави до учесниците на пленарната сесија на CCEE во Познан, Светиот Отец поттикнува „секогаш да се пронаоѓааат нови начини за остварување на великодушна и одговорна солидарност, со откривњето на патиштата на братската пасторална соработка, во светлината на духовните вредности кои ја обликувале европската мисла, уметност и културат.“ Папата исто така изразува надеж дека таа значајна средба ќе придонесе за зацврстување на врските помеѓу европските епископи и ќе даде понатамошен поттик за посланието на Црквата, посебно во корист на младите, помагајќи им повторно да го откријат темелниот придонес на верата за единството на европскиот континент. (…)

Во работата на сесијата воведе претседателот на CCEE надбискупот Анџело Бањаско. „Кога Европа би го загубила чувството за солидарност меѓу поединците, народите и државите тоа би значело предавство на христијанската порака и осиромашување на културата, понижување на европскиот граѓанизам,“ рече кардиналот Бањаско.

Домаќин на овогодинешната пленарна сесија на CCEE е Полска која оваа година слави 100 годишнина од повторното воспоставување на независноста и 1050 годишнина од основањето на првата бискупија во Полска основана токму во Познан.

кта/к.мк/Фото: кта

Категорија: Вести, Свет

За авторот