Отец Сирачев именуван за парохиски викар во Свети Иван Крстител – Струмица

Отец Сирачев именуван за парохиски викар во Свети Иван Крстител – Струмица

Со декрет на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, неорејот о. Атанас Сирачев е именуван за парохиски викар (капелан) во парохијата „Свети Иван Крстител“ во Струмица.

По тој повод во недела 9 октомври 2016 година на крајот од светата Литургија во црквата „Свети Иван Крстител“ парохот о. Гоце Костов пред присутните верници го претстави новименуваниот парохиски викар о. Сирачев, посакувајќи му плодна пасторална работа, а парохиската заедница ја повика на молитва за парохискиот викар.

Својата понатамошна пасторална дејност парохискиот викар о. Атанас Сирачев ќе ја извршува во заедништво со парохот о. Гоце Костов.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот