Христовите рани се доказ за Неговата голема љубов кон нас
Во Христовите рани ќе пронајдеме докази за Неговата голема љубов кон нас: претрпел толку болка за да ни покаже колку нѐ љуби.
Гледајќи ги маките Христови ќе стекнеме безброј добра. Најнапред ќе ни помогне да изградиме целосна одбивност кон гревовите, затоа што нашите гревови го прободоа Него, нашите престапи го скршија. Распнатиот Исус треба да стане книга која по примерот на светците непрекинато ќе ја читаме и од која ќе научиме да го мразиме гревот и навистина да пораснеме во љубовта кон Бог, Кој толку нѐ љуби; од Христовите рани ќе научиме колку гревот е зло кое го осудил да трпи таква сурова и срамна смрт, за да биде задоволена Божјата правда. Во Христовите рани ќе пронајдеме докази за Неговата голема љубов кон нас: претрпел толку болка за да ни покаже колку нѐ љуби.
Ќе видиме дека на гревот не може да се гледа како на безначајна грешка. Гревот значи да го распнеш Синот Божји, да му ги врзеш рацете и нозете и да ги прободеш со клинци, да му го скршиш срцето. Затоа гревот е многу повеќе од едноставни човечки грешки. Христовите страдања нѐ поттикнуваат на избегнување на секоја лесностија, рамнодушност и мрзеливост. Тие ќе ја разбудат нашата љубов и ќе ја отфрлат млакоста. Ќе ни помогнат да бдееме над чувствувата и да вршиме покора.
Ако Господ понекогаш дозволи да трпиме болести, страдања и маки кои се посебно тешки и сериозни, ќе ни помогне и ќе нѐ утеши набљудувајќи ги Христовите болки и Христовите маки. Исус ги искусил сите телесни и морални страдања: трпел од паганите и евреите; од мажи и жени, како слугинката која го обвинила свети Петар. Трпел од владетели и од нивните службеници, од обичниот народ… Трпел од роднина и пријател, од Јуда кој го предал и Петар кој го негирал… Трпел поради пријателите кои го напуштиле, заради гласините и навредите против Него. Неговото достоинство трпело подбив и исмевање дури и облеката му ја одземале, единственото што го имал. Во душата чувствувал тага, празнина и страв, на телото болки од раните и од ударите од камшикот.
Да донесеме одлука дека овие денови кои претходат на Христовата мака ќе бидеме близу до Блажена Дева Марија и да ја замолиме да нѐ научи како да ги гледаме моментите во кои нејзиниот Син толку трпел поради нас.
Битно.нет/Превод: Д.И.