(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за март 2024: Да ја откриеме вредноста на молитвата

(Видео) Месечна молитвена накана на епископот Стојанов за март 2024: Да ја откриеме вредноста на молитвата

Во месечната молитвена накана за месец март 2024 година Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов повикува да ја откриеме вредноста на молитвата

 

Во пресрет на јубилејната 2025 година папата Фрањо 2024 година ја посвети за Година на молитвата. Токму молитвата е она суштественото. Впрочем таа е нашиот однос со Бог и не само што ни помага во тој наш однос со Бог, туку преку неа го градиме нашето пријателство и заедништво со Бога.

Година на молитва бара од нас да размислиме за нашиот однос кон молитвата, а тоа воедно открива и каков е нашиот однос со Бог. Да навлеземе подлабоко во таинството на молитва, да не биде само рецитирање на молитвени обрсаци, туку да биде израз на длабок однос и разговор на внатрешноста со Бога. Ако не знаеме како да молиме, да учиме од оние кои веќе молат, но и да се обидеме да им помогнеме на оние кои ја немаат искусено убавината на молитвата да научат како да молат, за да можат да доживеат лична средба со Воскреснатиот Исус.

Нашиот Господ ги научи Своите ученици како да молат. Ве повикувам сите вас, во оваа година на молитва да се обидеме барем едно лице да научиме да моли. Потсетувам и на обврската на родителите да ги научат своите деца да молат.

Да го молиме Господ, како и учениците, така и нас да нѐ научи како да се молиме за да можеме да ја искусиме Божјата љубов во Исус Христос преку силата на Светиот Дух. Нека ги отвори нашите срца за преобразувачката Божја благодат за да можеме секојдневно да ја чувствуваме Божјата присутност во нашите животи.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот