Француските епископи за трудовата реформа
Католичката црква во Франција инсистира на „итно враќање на мирот“ и го промовира дијалогот, кој може да помогне за надминување на логиката на судирите, како и почитувањето на луѓе и институциите во процесот на реформите и неопходната модернизација за изградба на мирна иднина“.
Овој апел го упати монс. Жан-Лук Бруно, претседател на епископскиот совет за „Семејство и општество“ по повод новиот штрајкувачки бран во Франција против плановите за трудовата реформа на владата на претседателот Франсоа Оланд, кои треба да помогнат за надминување на невработеноста во земјата.
Штрајкот ги блокираше нафтените капацитети во цела Франција, што ја продлабочува кризата. Епископот Бруно повика сите социјални страни да најдат решение на кризата, која има силно влијание како врз луѓе и семејствата, така и врз економијата и индустријата во земјата. „Ако овие активности продолжат ќе имаат сериозно влијание за иднината на земјата“, предупреди епископот. „Црквата нема намера да завзема страна во конфликтот, но го осудува секој облик на насилство и ги повикува инволвираните страни да ја сфатат тешката ситуација, барајќи итно враќање на дијалогот и преговорите“, објаснува монс. Брунен. „Само социјалниот дијалог може да им овозможи на земјите да ги надминат различните ставови и заедно да мислат за општото добро“.
РВ/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк