Помош од Меѓународниот Каритас за жртвите од поплавите

Помош од Меѓународниот Каритас за жртвите од поплавите

Меѓународниот Каритас обезбеди 1,5 милиони евра помош за жртвите од поплавите во германските сојузни покраини Рајнланд – Фалц и Северна Рајна-Вестфалија..

Претседателот на Германскиот Каритас Петер Неер во понедленик 19 јули во Фрајбург истакна „неверојатна искажана подготвеност за помош и донации“, кажувајќи дека парите „веднаш ќе бидат насочени на оние во потреба во местата каде најитно се неопходни.“

Во погодените региони во кои се присутни локалните Каритаси ќе бидат именувани координатори за помош на жртвите од поплавите кои делотворно и брзо ќе реализираат акции за помош и ќе бидат контак личност на теренот. Искуствата се стекнати во поранешните катастрофални поплави во Источна Германија и Баварија во 2002 и 2013 година.

Со донациите ќе се финансираат евакуирање, сместување и згрижување на жртвите од поплавите, како и купување или изнајмување на пумпи за вода, сушари и средства за чистење под висок притисок, истакна Неер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот