За 40 дена започнува 37. Светски ден на млади кој ќе се одржи во Лисабон. Во видео порака, папата Фрањо им се обраќа на младите кои ќе присуствуваат или од далечина ќе го следат Светскиот ден на млади на почетокот на август во Лисабон и го вети своето присуство: „Докторот ми рече дека можам да одам, немам трпение“, рече Папата.
„До вас младите кои се подготвувате да одите во Лисабон или кои ќе го следите Светскиот ден од далечина. Овој ден е посебен момен за сите. Токму сега, ова е точката кон која мора да го насочиме нашето внимание. Напред! Остануваат уште 40 дена, како еден пост, до средбата во Лисабон. Подготвен сум! Сега имам се, со нетрпение чекам да појдам! Некои мислат дека поради болеста не можам да одам, но докторот ми рече дека можам, па ќе бидам со вас“. Ова го рече Папата во видео порака до младите од Лисабон во врска со Светскиот ден на млади планиран во Португалија од 1 до 6 август.
„Напред млади луѓе! И не ги слушајте оние кои животот го сведуваат на идеи. Тие се бедни. Ја изгубија радоста на животот и радоста на средбата. Молете се за нив. Но, вие, со сиот ентузијазам и со трите јазици на животот: јазикот на главата, оној на срцето и јазикот на рацете. Јазикот на главата да размислуваме јасно за она што го чувствуваме и правиме Јазикот на срцето за да се чувствуваме добро, длабоко што мислиме и правиме. Јазикот на рацете за да го реализираме она што го чувствуваме и мислиме. Ајде, храбро. Се гледаме во Лисабон!“, рече на крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк