Ќе се гради нова еколошки одржлива касарна за Швајцарската гарда

Ќе се гради нова еколошки одржлива касарна за Швајцарската гарда

Во Ватикан ќе се гради нова касарна за Швајцарската градба со помош на донации и градбата ќе биде во согласност со еколошките и семејните принципи.

„Моето живеење без Швајцарската гарда би било незамисливо. Тие секогаш се со мене – дење и ноќе. Нивниот професионализам, дисциплина, дискреција и љубезност ме исполнуваат со голема благодарност. Тие момчиња имаат уредно секојдневие, деноноќно работејќи за мојата лична безбедност. Затоа е многу важно да имаат современо и сигурно сместување во Ватикан, кој станува втор дом за нивните сопруги и деца – истакнува папата Фрањо во брошурата за обнова.

На сегашната касарна, која е изградена во 19 век се гледаат знаците на времето. Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Паролин во писмо со благодарност до пријателите на Папската швајцарска гарда пишува дека веќе е дотраена и „повеќе не ги нуди потребите и опремата неопходни за сместување на гардистите во услови кои одговараат на важечките норми“.

„Неколку инженери и стручни лица веќе имаат направено студија за можноста да се обнови постоечката касарна и заклучуваат дека ниту од структурна, ниту од финансиска гледна точка нема смисла, па така е донесена одлука за градење нова касарна – изјави претседателката на покровителскиот одбор Дорис Лојтхард.

Постоечката касарна е премала за да можат во неа да се сместа гардистите и членовите на нивните семејства. Важно е гардистите да можат да живеат со своите семејства во Ватикан и оние кои се венчани да не се принудени да живеат надвор од Ватикан – истакнува Рот, претседател на фондацијата за обнова на касарната.

Потребно е 30 % повеќе простор за сместување поради изменетите правила за брак. Тоа не е возможно да се постигне со обнова на постоечката зграда, па затоа ќе се гради нова, што воедно ќе биде можност за примена на еколошки одржливи техники за градење. Според архитектката Дуриш „почитувањето на животната средина ќе биде во центар, според она што го пишува папата Фрањо во енцикликата Лаудато си“. Така материјалот од старата зграда ќе се рециклира во бетон за новата. Архитектот Ноли потврди дека ќе се користат едноставни материјали, кои ќе бараат мало одржување.

Касарната за Швајцарската гарда ќе се гради со донации.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот