Папата: Сведочете ги вистинските вредности на спортот

Бидете сведоци на вистинските вредности на спортот – е поттикот на папата Фрањо упатен до играчите, тренерите и членовите на раководството на италијанските фудбалски клубови Јувентуси Милан кои на 21 мај 2016 година на Олимпискиот стадион во Рим играат финале на Италијанскиот куп

Папата меѓу останатото ги поттикна со фудбалот да направат позитивна порака за целото општетство.

Фудбалерите се повикани да се однесуваат така што кај нив секогаш можат да се воочат човечките особини на спорт кој се зазема во сведочењето на вистинските вредности на спортот – рече Светиот Отец истакнувајќи ја нивната голема одговорност посебно во односот со младите.

Истакнувајќи ја важноста за екипна игра во спортот како и во животот за да се постигне успех, Папата рече дека успехот на клубот е резултат на мноштвото човечки доблести односно хармонијата, посветеноста, способноста за пријателство, дијалог и солидарност. Станува збор за духовни вредности, кои стануваат спортски вредности. Вежбајќи ги тие морални особини можете уште посилно да ја истакнете вистинската цел на спортот во светот кој е – рече папата Фрањо – понекогаш одбележан и со негативни појави.

Пред спортистите – додаде – фудбалерот е човек со своите ограничености и карактеристики и најмногу со својата совест која е се надевам секогаш просветлена со односот со Бог. Затоа меѓу вас никогаш да не недостасува чувството за братство, взаемно почитување, разбирање и простување.

Бидете прваци во спортот, но пред сè во животот

Бидете прваци во спортот, но пред сè во животот! Секогаш истакнувајте го она што навистина е добро и убаво и тоа преку отворено сведоштво на вредностите кои имаат карактер на вистински спорт; и не плашете се да го запознаете светот на своите обожаватели, мирно и согласно со моралните начела со кои сакате да го вдахнете својот живот. Во тој аспект може да ви помогне настојувањата на прва лига околу тоа фудбалот да биде позитивна порака за целото општество – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот