Папата: Суровоста не заврши во Аушвиц

Од прозорецот на надбискуписката резиденција во Краков, папата Фрањо вечерта на 29 јули 2016 година се обрати до собраните млади и потсети дека изминатиот ден бил одбележан со болка.

„Петок е денот кога се сеќаваме на Исусовата смрт и со младите молевме Крстен пат“ – рече напоменувајќи дека многумина страдаат: болни, зафатени од војната, бездомници, гладни, луѓето кои ги мачи сомнеж и кои не се среќни.

Светиот Отец истакна дека во детската болница која ја посетил во попладневните часови „Исус страда во многу болни деца: секогаш се прашувам: Зошто децата страдаат? Тоа е таинство. Нема одговор на тоа прашање.“ Спомнувајќи потоа на својата посета на концентрациониот логор Аушвиц – Биркенау рече: „Колку болка, колку суровост! Дали е можно ние луѓето создадени на сликата Божја да направиме такви работи?“

„Суровоста не заврши во Аушвиц – Биркенау“ ја има „дури и денес. Денес ги мачиме луѓето; многу затвореници веднаш се мачат за да проговорат… тоа е ужасно!“ Папата потоа истакна дека нè погодува суровоста од она што се случило пред 70 години – убиство и гасни комори – но дека ниту денес во многу делови во светот каде владее војна ситуацијата не е поинаква.

Светиот Отец поттикна на молитва за сите луѓе во кои Исус денес страда вклучувајќи ги болните деца и невините, жртвите на мачењето и затворениците со кои се постапува „како да се животни.“ Напоменувајќи дека сите се грешници и дека сите го носат товарот на гревот истакна дека сеедно Бог нè сака. „Да се помолиме заедно за луѓето кои страдаат во светот.“ „Дури и ние грешниците сме деца; да го насочиме погледот кон нашата Мајка и да ја молиме Богородица сите заедно“ – поттикна на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот