Унгарските комунистички служби се обидувале да го спречат изборот на Војтила за папа

Унгарците се обидувале неговиот избор да го спречат со ширење на дезинформации и прапаганда

Унгарските комунистички разузнувачки служби со своите активности се обидувале да го спречат изборот на краковскиот кардинал Карол Војтила за папа, покажуваат новите документи кои наскоро треба да дојдат во Институтот за Национално Сеќавање (ИПН), полска Институција која се занимава со злосторствата на комунистичкиот режим.

Веста за документите ја објавија полските медиуми, опишувајќи како ИПН и нивните унгарски колеги од Одборот за национално сеќавање, институција која исто така е посветена на лустрацијата, потпишале договор во кој ќе се разменуваат сите документи од поранешните комунистички служби во нивните држави.

Меѓу документитте се и оние кои се однесуваат на оние активности со кои унгарските разузнавачи се обидувале да спречат новиот папа да не дојде од некоја земја зад Железната завеса. Полските медиуми објавија како Унгарците се обиделе да го постигнат тоа „со пропаганда и ширење на дезинформации“ за Војтила, но и дека ќе се обелоденат деталите кога документите ќе пристигнат во Варшава.

Добро познати се истражувањата дека обидот за атентат на Папата во 1981 година е во врска со бугарските комунистички служби за разузнавање, преку кои всушност дејствувал Советскиот Сојуз и неговата политичка елита. Иако тоа не е никогаш цврсто докажано, потполно е јасно дека свети Иван Павле II им пречеше на интересите на земјите од комунистичкиот блок на чело со Кремљ.

Битно.нет/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот