Благословена најголемата статуа на Богородица

По повод 61 година од светилиштето на Богородица (Богородична пештера) во местото Амбарава, на островот Јава во Индонезија, благословена е најголемата статуа на светот посветена на Успението на Пресвета Богородица.

Во Богородичното светилиште во Амбарава на благословот на најголеата Богородична статуа, се собраа најмлаку триесет илјади верници од стотици парохии. Како што пренесува AsiaNews, верниците прославувале 61 година од Богородичното светилиште, второ по важност во централна Јава. Седум бискупи со 15 свештеници од Самарангската надбискупија служеа света Миса. По завршувањето на светата Миса, надбискупот Јоханес Пујасуматра, подигнат со кран, со света вода ја благослови 42 метри високата статуа на Пресвета Богородица Марија.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот