Француски суд побара владата да ја преиспита одлуката за ограничување во црквите

Француски суд побара владата да ја преиспита одлуката за ограничување во црквите

Во недела 29 ноември 2020 година највисокиот француски суд и наложи на владата да ја преиспита својата одлука во рок од три дена, според кој најмногу 30 лица можат да се соберат во црквите.

Мерката е несразмерна за ризикот од инфекција со коронавирус, оцени Државниот совет, највисокиот суд во земјата.

Католички здруженија во петокот ја осудија владината одлука, истакнувајќи дека тоа е „непотребна, несразмерна и дискриминаторска“ мерка.

Државниот совет процени дека строгото пребројување на 30 верници на светите Литургии и верските обреди „ќе резултира на многу места многу верници да не можат да присуствуваат на оној ден во седмицата кога се служат најважните свети Литургии и покрај тоа што во Црквите ќе се служат повеќе свети Литургии, отколку што е вообичаено.“

Епископската конференција на Франција во неделата, по одлуката на Државниот совет, рече дека сега проблемот е препознат.

Франција во саботата ги ублажи рестриктивните мерки воведени пред скоро еден месец за да се спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Повторно се отворени продавниците во кои се продаваат артикли кој не се неопходни за секојдневниот живот, но баровите, рестораните, спортските сали и ноќните клубови ќе останат затворени сѐ додека не се донесе нова одлука.

Ика/к.мк

 

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот