Улогата на папата Фрањо е пресудна за нормализацијата на односите меѓу САД и Куба

Папата Фрањо го коментираше пресвртот во односите меѓу САД и Куба откако вчера и двете страни најавија дека ќе отворат амбасади и ќе склучат дипломатските односи по речиси педесет години. „Работата на амбасадорот се состои во малите чекори и малите нешта, но секогаш води кон мирот, приближување на срцата на народите и братството меѓу народите“, рече Папата во својот говор пред новите амбасадори-нунции на Светиот Престол во дванаесет земји: Монголија, Бахамите, Доминиканска Република, Танзанија, Данска, Малезија, Руанда, Филипини, Нов Зеланд, Мали, Того, Бангладеш и Катар. „Сите сме задоволни, бидејќи видовме како два народа, поделени долги години, вчера направија чекор кон приближување. Тоа е благодарение на благородната работа на амбасадорите и дипломатијата“.

Од своја страна Државниот ватикански секретаријат го објави следново соопштение:

„Светиот Престол изразува искрено задоволство за историска одлука на владите на САД и Куба да склучат дипломатски односи, со цел надминување на тешкотиите во нивната современа историја во интерес на граѓаните на двете земји. Во последниве месеци, Светиот Отец Фрањо писмено се обрати до кубанскиот претседател Раул Кастро и американскиот претседател Барак Обама, за да ги повика кон решавање на хуманитарните прашања од взаемен интерес, меѓу кои положбата на некои затвореници, со цел, движење кон нова фаза во односите меѓу двете земји. Светиот Престол, примајќи ги во Ватикан во октомври делегациите на двете земји, предложи свое посредување за конструктивниот дијалог за чувствителните прашања, при што се добија задоволителни решенија за двете страни. Светиот Престол ќе продолжи да ги поддржува иницијативите на двете земји, кои ќе ги преземат за проширување на билатералните односи и за благосостојбата на нивните граѓани “.

Како Обама, така и Кастро, во своите говори јасно се повикуваат на улогата на аргентинскиот Папа за промената на односите меѓу двете држави, кои беа во постојан контраст меѓу себе, откако во јануари 1959 година Фидел Кастро дојде на власт преку марксистичката револуција. Американскиот претседател посебно се заблагодари на папата Фрањо, „чиј морален пример ни покажува колку е важно да ја следиме целта за еден подобар свет, а не само да го прифаќаме таков каков што е“.

На состанокот на латиноамериканските лидери, како аргентинскиот претседател г-ѓа Кристина Кирхнер, така и нејзиниот боливиски и венецуелски колега – Ево Моралес и Николас Мадуро, изразија задоволство од улогата на Светиот Отец: „латиноамериканскиот, нашиот Папа“. Посебно задоволство изрази претседателот на Венецуела, укажувајќи дека во денот, во кој Хорхе Марио Бергољо го слави својот 78 роденден, промената во политиката на Куба е „прекрасен подарок“.

Обама и Кастро потврдија дека папата Фрањо лично им упатил апел за решавање на случајот со американскиот државјанин Алан Грос, кој беше ослободен по 5 години затвор во Куба и со тројцата кубански агенти кои цели 15 години поминаа во американски затвор. Писмото на папата Фрањо кое е дел од една поширока иницијатива, „ а нè поттикне уште повеќе да продолжиме напред“, стои во информацијата од извор на Белата куќа објавена пред истовремените изјави на Обама и Кастро.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот