Три години проповеди од капелата на домот Света Марта
Пред три години, на 22 март Светиот Отец пред градинарите и еколошките работници прв пат во текот на светата Литургија проповедаше во капелата на домот Света Марта. Тогаш, според мислењето на многу набљудувачи, започнало да трепери срцето на понтификатот.
Говорејќи за проповедите на утринските Литургии во домот Света Марта, Елизабета Пике, автор на животописот на Хорхе Марио Бергољо, рече дека на посебен начин ја смета за успех папската комуникација: сите разбираат она што го говори, а во целиот свет знаат за проповедите. Не ги слушаат само верниците, туку и дипломатите. Папата го оживува Евангелието, говори за важното и тоа го толкува на многу разбирлив начин, достапен на секого; го поврзува со денешниот свет и така допира до срцето на луѓето. Добро е да се потсети дека во целиот свет се објавуваат проповедите на Папата, дека срцето на овој понтификат е враќање на важното – тврди наовинаракта Пике.
На забелешката дека многу идеи на папа Фрањо потекнуваат од проповедите на утринските Литургии, рече дека токму поради тоа сите новинари знаат дека прво што треба да направат е да ги слушнат утринските проповеди, затоа што во нив е сржта на пораките на папа Фрањо.
А на напомената дека проповедите се пример за комуникација и делување и дека се многу популарни на социјалните мрежи, истакна дека тие се одраз на времето во кое живееме. Уверена сум дека Папата многу добро знае во кое време живее, а за тоа сведочи и неодамнешното појавување на Инстаграм, иако кога се враќаше од едно патување, во авионот каречежа: „Се чуствуваме како праисториски човек пред овие „социјални мрежи, твитови…“ И покарј сé, свесен е дека живееме во омрежен свет и дека во него треба да бидат разбирливи неговите пораки, дека и некое дете треба да ги разбере – нагласи Пике.
На прашањето за континуитетот во проповедите на Папата, рече дека континуитетот е многу разновиден; неговите проповеди се навистина секогаш привлечни, тоа го потврдуваат и луѓето кои сега имаат 40 години, а кои Бергољо го запознале кога оделе на веронаука или се подготвувале за Прва Причест. Сите го паметат големиот учител во проповедувањето, кој го претставува Словото, односно Евангелието и се чини дека е целосно разбрано – забележа новинарката додавајќи:
Веруваме дека секогаш имал дар за говор и комуницирање и пред ракополагањето додека како професор предавал литература и психологија. Учиниците го паметат како учител кој преку поддршка ги научил да мислат. Уверена сум дека е надарен со таа вештина. Како Папа сигурно има повеќе вдахновение од Светиот Дух и тоа ќе му помгне во службата; но уметноста и вештината на комуницирање е да се допире до срцата на луѓето; тоа е карактеристика на Бергољо – заклучи новинарката Пике.
РВ/Б.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк