Папата: Трошоците за оружје да се претворат во хуманитарна помош

Папата: Трошоците за оружје да се претворат во хуманитарна помош

На Светскиот ден на хуманитарната помош, кој се слави на 19 август, папата Фрањо објави Твитер порака на својот профил @Pontifex во кој повика да се положи оружјето со цел да се поттикне културата на помагање на оние на кои им е најпотребна, кои поради војни или природни катастрофи, во моментот се повеќе од 130 милиони. Бројот на немили настани во кои се вклучени хуманитарните работници ширум светот се зголеми за повеќе од три пати од 2003 година, со годишен просек од околу 450 убиени, ранети или киднапирани.

Во Твитер пораката објавена на 19 август 2023 година на профилот @Pontifex, по повод Светскиот ден на хуманитарната помош, одекнува поттик, кој е еден од лајтмотивите на учењето на папата Фрањо: градење мир, што бара труд и социјална вклученост, како и преместување на „основната активност“ на меѓународните институции со оружје на итните потреби на луѓето во тешкотии.

„Наша одговорност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од срцата. Го охрабруваме положувањето на оружјето, намалувањето на воените трошоци за да се задоволат хуманитарните потреби, инструментите на смртта да се претворат во инструменти на живот“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот