Токио 2020 година: Промена на олимпиското мото во стилот на Fratelli tutti

Токио 2020 година: Промена на олимпиското мото во стилот на Fratelli tutti

Летните олимписки игри во Токио 2020 година ќе „започнат во знакот на солидарност предложен од енцикликата Fratelli tutti од папата Фрањо“. Ова го изјави Атлетика Ватикана, коментирајќи го официјалното ратификување од страна на Меѓународниот олимписки комитет за време на 138. седница во Токио, за промена на историското олимписко мото „citius, altius, fortius“, кое со додавање на придавката „communis“ станува „citius, altius, fortius, communis” или „побрзо, повисоко, посилно, заедно”.

„Communis“ потекнува од „cum munus“, односно „заеднички подарок“ – објаснува Атлетика Ватикана во изјавата – затоа што само со стил на солидарност – заедно – ќе може подобро да се излезе од кризата. Исто така и преку спортот. Како што повеќе пати објаснува кардинал Џанфранко Раваси, оваа идеја на претседателот на МОК, Томас Бах – кој исто така го информираше папата Фрањо – ја заега и спортската асоцијација на Ватикан. Поправилниот латински збор, кој кардиналот го истакнуваше на различни места, всушност би бил „симул“ – заедно, но МОК стравува дека може да се спореди со терминот „симулација“, што е сè, освен позитивно. Оттука e и изборот на „communis “, дури и ако за Раваси поправилен би бил прилогот „communiter“.

„Simul currebant“ (од евангелието според Иван: Петар и Иван „трчаа заедно“) и „We run together – Трчаме заедно“ се мотото на Атлетика Ватикана. МОК – стои во соопштението на спортската асоцијација – се движи по истата инклузивна линија и поддршка при изборот на зборови за олимпиското мото.

Потсетувајќи на аудеинцијата од 29 мај на папата Фрањо со делегација од Атлетика Ватикана, една недела пред заминувањето на Атлетскиот шампионат на малите европски земји во Сан Марино, здружението се сеќава на подарокот пд Папата на кој стои натписот „Simul currebant“ и посакува „добра олимпијада за сите, особено за оние кои ја претставуваат најмалата и најсиромашната реалност (како што е тимот за бегалци), охрабрувајќи ги пред сѐ оние кои се борат и страдаат во големата трка во животот.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот