Телеграма со сочувство по повод сообраќајната несреќа во Француска Гвајана
Ватикан, 19.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо упати телеграма со сочувстсво по повод сообраќајната несреќа со трагични последици, која се случи во среда 17 јули во Француска Гвајана, кога автобус се судри со камион. Во автобусот се наоѓала млада група француски поклоници од Париз, кои учествуваат во подготовките за Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. Во несреќата загина 21 годишна девојка, додека шест поклоници се тешко поврдени. Во тешка состојба се и возачот и двете лица кои патувале со камионот.
Во телеграмата која е потпишана од Државниот секретар на Светата Столица, кардинал Тарчизио Бертоне, упатена до архиепископот од Кајане во Француска Гвајана, Емануел Лафонт, Папата се „придружува со своето срце кон болките на семејствата“ и сите оние кои се погодени од трагедијата, и ја гарантира својата молитва и својата „длабока солидарност“ со повредените и оние кои им помогнаа на настраданите. (го*ко)