Папата во куќата на Мисионерките на љубовта со лица во економски тешкотии

Папата во куќата на Мисионерките на љубовта со лица во економски тешкотии

Вториот ден од престојот на Папата во Марсеј започна со приватна средба во куќата на Мисионерките на љубовта, во областа Сен Морон во Марсеј, со група луѓе во големи економски тешкотии на кои им помагаат сестрите на Мајка Тереза. Сведоштвото на сестра Кросвита: „Го гледаме Христос во сите“.

Да се ​​пружи рака е гест на братство, а да се живее како браќа е пророштво – рече папата Фрањо обраќајќи им се на луѓето кои ова пророштво го направија своја мисија. Вториот ден од престојот на папата во Марсеј започна со приватна средба со група луѓе кои се во сериозни економски тешкотии, одржана во куќата на Мисионерките на љубовта, сестрите на Мајка Тереза ​​од Калкута, во областа Сен Морон, една од најсиромашните области во Франција.

Да живееме како браќа

Ви благодариме за пречекот – им порача Светиот Отец – сите сме браќа, тоа е важно: братството. Нашите цивилизации често нè наведуваат да живееме како непријатели или како странци – додаде тој и истакна – Пророчки гест е да се живее како браќа; тоа е пророштво! братство кое го надминува политичкото и верското размислување. Поздравот на Папата беше голема благодарност до монахињите. Ви благодарам за сведочењето – им рече – и среќен сум што сум овде.

Прифаќање на сиромашните

Сестра Кросвита со емоции го слушаше Папата. Таа е во Марсеј веќе две години, каде заедно со нејзините сестри води народна кујна за сиромашни, која може да прими 50 луѓе одеднаш, 3 до 4 пати на ден, од 9:30 до 11:30 часот и опслужуваат до 250 луѓе во еден ден. Тие се сиромашни – објасни монахињата – некои живеат на улица; неодамна дојде група луѓе од Судан, немаат каде да останат и спијат на улица. Покрај тоа, има луѓе кои и да имаат каде да спијат, немаат средства за храна, па ги наоѓаме овде од рано наутро.

Да се ​​види Христос во другиот

Меѓу оние кои стојат во ред за оброк, освен мигранти, има и французи, луѓе кои имале проблеми и кои не можат да се издржуваат. Чесните сестри не прашуваат ништо, прифаќаат и подаваат рака. Едноставно, кога ќе ги прашаме „како сте“, тие почнуваат сами да зборуваат – рече монахињата – и тоа ги прави да се чувствуваат добро бидејќи немаат кому да кажат. Некогаш има и неред но секогаш тоа е со причина, затоа што се плашат дека нема да успеат и имаат потреба со некого да се искараат, некогаш преку разговор, а некогаш малку повеќе се вознемируваат.

Ова е пророштвото за прифаќање и братство што сестра Кросвита и нејзините сосестри го сведочат на Папата, на кого за својата мисија му рекле: „Гледајќи го Христос во друг, во други луѓе; секој човек што приоѓа и кого го среќаваме е Христос за нас“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот