Татковци – хероите учат со својот пример
Никогаш да не заборавиме дека наша основна должност е да им помогнеме на децата да станаат ученици на воскреснатиот Христос. Должни сме исто така да се потрудиме нашите деца да бидат способни да го заземат своето место во опшеството како зрели мажи и жени. Овие две работи не се противат една со друга: зрел и одговорен христијанин ќе биде секогаш зрел и одговорен граѓанин во пошироката општествена заедница.
Само по себе се подразбира дека татко е свесен за својот татковски повик кој доаѓа од Христос, кој настојува да посвети посебно внимание на Христос на тие околу него, кој во својот дом го носи Христовиот живот така како што тој го живее низ литургиската година и кој се служи со своето сопствено право да ги благословува своите деца, напредувајќи во доброто воспитување на своите деца. Тој ја подготвува она семејна светлина, за која пред многу години говореше папата Пио XII., “во кое детето може да ги отворите своите очи од светлината и својата душа за животот”.
Но, останува уште многу да се направи. Раѓањето на детето е само почеток на тоа долго воспитување на детето кој примерно ќе го подготви за времето и за вечноста, а со тоа воспитување треба да се ангажираат и таткото и мајката, а не воспитувањето да биде оставено само на мајката, како да нема ништо со тоа. Таткото би требало да биде учител. Исто како другите улоги кои не се одделени, туку излегуваат од единствена личност каква што е, така и неговата служба учител нераздвоено е вткаена во целокупниот систем на неговото постоење. Кога оди на работа, таткото и после останува татко, а неговата улога на маж и татко поважни се и од неговата улога на вработен.
Нашата улога на наставник не е таа која бара да ставиме маса и табла во одредена просторија и да започнеме да подготвуваме предавања за децата. Не, нашето поучување е она кое излегува од нашето битие и кое го правиме, сакале тоа или не, во секој контакт со своеите деца. Можеби се најважни прашањата на нашите деца, оние непоставените, на кои ние татковците несвесно даваме или ги скратуваме одговорите од секојдневниот живот со нив во сопствените домови.
Ако ние сме за нашите секуларизирани или не-религиозни соседи олицетворение на христијанството, тогаш сме на нашите деца многу повеќе од тоа. Ако нашиот сосед Католичката Црква ја проценува по нас, тогаш нашите деца по нас ја создаваат сликата на целиот свет. Нивната мерка на човечките односи ќе биде наш однос со нив, со нивната мајка и со другите луѓе.
Вербалното поучување на децата да ги почитуваат другите луѓе нема да има голем учинок доколку им покажуваме на други начини како се чувствуваме интелектуално и опшествено супериорни над другите луѓе. Од друга страна, повикај во својот дом како пријатели на семејството друга раса, или семејство која е материјално можеби не е така добро ситуирано. Или стара личност, чиј блиски се некаде далеку, тоа остава во детскиот ум длабока трага на таа вистина дека луѓето требаат да се почитуват без обѕир на расара, старосат или материјални можности.
Нашиот животен пример ќе биде најголем учител на нашите деца. Сепак, има и други начини на учење. Во домот во кој Христос е добродојден, во која вера е претставен начинот на живот, а не само припадноста на една организација, самите деца ќе му дадат на таткото доволно можности за подучување за верските вистини. Таткото не треба да ги занемарува прашањата на децата кои, без разлика колку и да се детски, за детето се важни и таткото треба да ги искористи како можност за зајакнување на духовниот и интелектуалниот раст на своето дете.
Бидите искрени и јасни објаснувачи на верските вистини
И децата размислуваат за тајните на верата, на свој детски начин. Детето, на пример, ќе праша за овоплотувањето, иако нема да го употреби тој израз. Пред доста години, откако слушна дека Бог Отец е Дух и дека е невидлив, еден од нашите деца сакаше да знае зошто тогаш можеме да го видиме Исус. Ако е Исус Бог, зошто тој не е Дух? Прашање како овие бараат точни одговори, соодветни на возраста на детето, бидејќи доаѓа ненадејно, ненајавено и со детското исчекување на моменатален одговор, а тоа го поттикнува таткото постојано да се образува во верата. Детските прашања доаѓат од присуството на Литургијата и од разговорите кои случајно ги слушаат, од библиските приказни; тие не се вештачки потикнати. Младиот разум е љубопитен, разум кој обидува да го запознае светот во кој се родил. Должноста на таткото е овој љубопитен разум да го одржи, а потоа да му помогне да дојде и до вистината која ја барал – а не од корен да ги отсече неговите прашања.
Кога мораме да бираме помеѓу точниот одговор кој можеби нема да биде потполно сфатен и „избегнување на прашањата” на некој начин, се препорачува друга алтернатива. Чувајте се од „побожни” приказни со необични случувања – особено тие застрашувачки – да се илустрира тоа што сакате да го кажете.
Познавам човек чија вера се распадна поради приказна која му ја раскажала учителката, која имала за цела со цел во неговата глава всади одредена верска вистина. Не е воопшто важно дали оваа учителка во својата глава ја знаела јасната разлика помеѓу верската вистина и приказната, бидејќи детето не знаело. Овие приказни го прогонувале; поради нив имал и ноќни мори. Кога доволно пораснал сфатил дека овие приказни се невистински и неосновни, неговата вера доживела тежок удар и тој ја напуштил Црквата.
Во никој случај не смееме децата да ги плашиме со Господ, да им се закануваме за да би ги принудиле на послушност. Нашиот акцент секогаш мора да биде на неговата љубов кон нас и нашата љубов кон него. Детето природно е полно со љубов, тоа бара љубов и постојана потврда дека е сакано. На детето му е потребна целата љубов и може да му се даде со едноставна причина, кога тоа ја чувствува својата зависност.
Светот за детето е свет на џинови и чуда, полн со страшни тајни со кој може да се спротистави без страв само ако е вистински сакан. Всадувајќи во детската глава слика за страшно чудовиште наречен “Бог”, кој ќе го казни за сѐ што направил лошо, тоа значи да се отфрли љубовта и неговата душа да се исполнис о страв. Вкоренувајќи го со страв односот на детето со Господ, може да предизвика голема штета во идниот духовен живот на детето.
Битно нет/А.С.