Светите Кузман и Дамјан, луѓе на Милосрдието

Да се гледа на животот на светите Кузман и Дамјан значи да се видат карактеристиките на двајца мажи кои целосно ја реализирале нивната човечност, живеејќи го во крајност нивното искуство на верата.

Да, светите лекари се автентични луѓе затоа што се автентични христијани; живееја наследувајќи го Исус Христос и затоа ни го покажуваат автентичниот пат на нашата човечност.

Исус Христос е автентичен човек ,бидејќи живееше во совршено заедништво со Отецот и со браќата, и Заедницата го поттикна да стане Слуга на човештвото до тој степен да го даде и сопствениот живот за нашата среќа (Спасение), безрезервно и целосно се даде за нас.

Лекарите Кузман и Дамјан уште од мали го научиле патот на заедништвото со Бога, благодарение на поуката од нивната мајка, растејќи во оваа заедница, која од секого бара тешки и радикални избори, предупредија за итноста да растат во заедништво со браќата и да се стават во нивна служба (на нивна услуга); се ангажираа во медицинските студии за безрезервно да му ги дадат нивните грижи на секој болен човек и особено на оние кои имаат најмногу потреба.

Бесплатната услуга кон сиромашните и оние кои страдаат достигнува до својот врв на безинтересното дарување на нивниот живот во мачеништво (во раскажувањата се зборува за пет маченици) кое пред сѐ станува совршено заедништво со Бога кој го даде својот живот за нас, а потоа и служењето за верата на браќата.

Божјето Милосрдие е конкретен знак доколку Тој се грижи за нашиот живот; целосно се дарува за нас за да не подигне од пропаѓањето кое не спречува автентично да го живееме нашето постоење, при срце ги има нашите страданија и со неговата прошка и неговата сомилост се грижи за нас. Во жртвата на Крстот ни го покажува патот преку кој Отецот нѐ сака; со сето свое битие и без мера.

Да ја откриеме убавината на нашата вера, да ја ориентираме нашата побожност кон светите лекари спрема нивната автентичност; да бидеме нивни имитатори по патот на Заедништвото во Служењето на браќата кое станува пат на автентичното Заедништво со Милосрдието на Отецот кој постојано ни го дарува својот Син Исус за нашето Спасение.

Chiesa SacroCuore/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот