На 31 мај 2017 година со Молебен до Пресвета Богородица одржан во дворот на црквата „Свети Иван Крстител“ – Струмица заврши Мајската набожност во парохијата. Во присуство на верници од парохијата пред иконата на Пресвета Богородица молебенот го предводеа парохот о. Гоце Костов и парохискиот викар о. Атанас Сирачев.
Мајската побожност во парохијата се молеше секој ден по светата Литургија, а по повикот на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на молитва за мир во Македонија, во него беа вклучени и молитви за мир. Покрај тоа во одредени денови во месец мај во молитвите беа вклучени и семејства од парохијата.
к.мк