Во Алепо е обновена католичката катедрала

Во Алепо е обновена католичката катедрала

Маронитската катедрала беше разрушена за време на војната во Сирија

Маронитската катедрала „Свети Илија“ во Алепо помеѓу 2012 и 2016 година беше најмалку три пати бомбардирана и претрпе голема штета кога во 2013 година џихадистите го заземаа христијанскиот дел од градот, каде се наоѓа и катедралата.

Обновата и повторното отворање на катедралата има симболично и практично значење – изјави маронитскиот архиепископ на Алепо Јозеф Товиј во разговор за Католичката добротворна организација „Црква во неволја“.

Во симболичка смисла тоа е порака до парохјаните и христијаните во Алепо и светот дека сѐ уште сме во оваа земја и покрај намалениот број, а обновата на катедралата е доказ за тоа. Устата мора да продолжи да го слави Бог на ова место и покрај сите проблеми – изјави архиепископот.

Катедралата „Свети Илија“ е изградена во 1873 година на местото каде некогаш имало мала црква од 15 век, а е обновена во 1914 година.

Од 2012 до 2016 година поради војната која беснеела во градот била напуштена, но веднаш откако бунтовниците се истерани од тоа подрачје, катедралата и покрај тоа што била разрушена ја отвора својата врата за верниците на Божиќ 2016 година.

Одлучивме да испратиме порака на надеж дека Синот Божји е овоплотен и дека и понатаму е со нас, придружувајќи нѐ во нашите таги и страдања, носејќи ги заедно со нас – се присетува архиепископот Товиј.

Според проценка на „Црквата во неволја“ во Алепо денес живеат околу 30.000 христијани, додека пред војната живееле 180.000. Алепо е најбројниот град во Сирија пред војната, а по војната Дамаск его презема приматот за град со најмногу население во Сирија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот