Во попладневните часови во недела 26 март 2023 година, на Четвртата недела од Великиот пост децата од веронаучната група при парохијата „Раѓање на свети Иван Крсттиел“ – Струмица молеа Крстен пат за деца на ридот Самораница, придружувани од о. Гоце Костов, верници од парохијата, роднини и пријатели на децата.
Размислувањата на постојките ги предводеа децата, а истовремено на секоја постојка тие носеа икони од постојките, кои ги имаат изработено за време на активностите по веронаука. За оваа молитва тие се подготвуваа за време на веронауката. По завршувањето се задржаа во разговор и заедништво.
Парохијата Свети Иван Крстител – Струмица секоја година традиционално организира Крстен пат за деца на отворено, со исклучок на годините кога на сила беа ограничувањата предизвикани од корона вирусот.
Ватикан њуз/к.мк