Генерална аудиенција: Разговорот со Бог е милост

Генерална аудиенција: Разговорот со Бог е милост

Откривајќи ни ја љубовта кон Света Троица, Исус нè научи да му се молиме на Бога, кој не е далечен, туку близок и нè љуби. Светиот Отец ги сподели своите размислувања преку „виртуелната“ Генералната аудиенција на 3 март 2021 година. Катехезата на Папата ја пренесуваме во целост

Драги браќа и сестри, добар ден!

На нашиот пат на катехези за молитвата, денес и следната недела ќе видиме како, благодарение на Исус Христос, молитвата нè отвора ширум кон Света Троица – Отецот, Синот и Духот – неизмерното море на Бога, кое е Љубов. Исус е оној кој ни го отвори Небото и нè упати на однос со Бог. Тој тоа го направи: ни го отвори тој однос со Троединиот Бог: Отецот, Синот и Светиот Дух. Ова го вели апостол Иван на крајот од Прословот во неговото Евангелие: „Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави.“ (1,18). Исус ни го откри идентитетот, идентитетот на Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух. Ние навистина не знаевме како да се молиме: кои зборови, кои чувства и кои јазици се соодветни за Бог. Во барањето кое учениците го упатиле до Учителот, кое често го споменуваме за време на овие катехези, се наоѓа човечкото тапкање во мракот, неговото повторување, често неуспешни обиди да се обрати на Создателот: „Господи научи нѐ да се молиме“ (Лука 11,1).

Не се сите молитви исти и не сите се соодветни: самата Библија сведочи за лошиот исход на многу молитви, кои се отфрлени. Можеби Бог понекогаш не е задоволен од нашите молитви, а ние дури тоа и не го забележуваме. Бог гледа во рацете на оние што се молат: за да станат чисти, не треба да се мијат, доволно е да се држат настрана од злобни дела. Свети Фрањо се молел на следниот начин: „Nullu homo ène gentleu te mentovare“, односно „никој човек не е достоен да Ти го изговори името“ (Песна на братот Сонце).

Но, можеби најтрогателното препознавање на нашата сиромашна молитва произлегува од усните на римскиот стотник,, кој еден ден го замоли Исус да го излекува неговиот болен слуга (сп. Матеј 8,5-13). Се чувствувал потполно недостоен: не бил Евреин, бил стотник на омразената окупаторска војска. Но, грижата за слугата го натера да се осмели да му рече на Исус: „Господи, не сум достоен да влезеш под мојот покрив; но кажи само збор и слугата мој ќе оздрави“ (р. 8). Ова реченица ја повторуваме на секоја евхаристиска богослужба. Да се разговара со Бога е благодат: ние не сме достојни за тоа, на тоа немаме никакво право, ние „куцаме“ со секој наш збор и секоја мисла… Но, Исус ја претставува вратата која нѐ отвора за тој дијалог со Бог.

Зошто Бог треба да го сака човекот? Нема очигледни причини за тоа, постои несразмерност… Во повеќето митологии, не е забележан случај на бог кој би се грижел за тоа низ што поминуваат луѓето во животот; згора на тоа, тоа е толку тешко и здодевно, не заслужува внимание од божеството. И да се потсетиме на зборовите кои Бог му ги упати на својот народ, во книгата Повторени закони: „Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да го повикаме? Таа Божја близина е откровение! Некои филозофи тврдат дека Бог може да мисли само на себе. Евентуално, ние луѓето сме тие што се обидуваме да му се допаднеме на божеството и да добиеме благодат во неговите очи. Оттука произлегува и должноста на „религијата“, со придружни жртви и побожности кои постојано се принесуваат да му се угоди на немиот Бог, рамнодушниот Бог. Тука нема дијалог. Само Исус е тој, само Божјата објава на Бога на Мојсеј пред Исус, кога Бог се претстави; само Библијата е таа која ни го отвори патот за дијалог со Бог. Да запаметиме: „Оти има ли некој голем народ, кому неговиот бог му се приближил толку, како што е близок кон нас Господ, нашиот Бог, кога и да го повикаме?“ Таквата Божја близина нè отвора за дијалог со него.

Дека Бог го сака човекот: никогаш не би имале храброст да веруваме во тоа, ако не го запознавме Исус. Познавањето на Исус ни дава да сфатиме дека тоа ни го објави. Тоа е соблазната која ја наоѓаме длабоко врежана во параболата за милостивиот татко или во параболата за пастирот кој појде да ја бара загубената овца (сп. Лука 15). Не можевме да помислиме на такви приказни, па ниту да ги разбереме, ако не го сретнавме Исус. Кој Бог е подготвен да умре за луѓето? Кого Бог љуби секогаш и трпеливо, не барајќи да му се возврати со љубов? Кој Бог го прифаќа страшниот недостаток на благодарност на синот кој однапред го бара своето наследство и го напушта домот и сè да расипе? (сп. Лука 15,12-13).

Исус е тој, кој го објавува Божјото срце. Така, Исус со својот живот ни зборува во која мера Бог е Отец. Tam Pater nemo: Никој татко не е како него. Татковство кое е близина, сочувство и нежност. Да не ги заборавиме оние три зборови, кои се Божји стил: близина, сочувство и нежност. Тоа е начинот на кој Тој го искажува своето татковство кон нас. Тешко е и можеме само од далеку да ја сфатиме љубовта со која е оптеретена Пресвета Троица и каква врска на меѓусебна добронамерност постои меѓу Отецот, Синот и Светиот Дух. Источните икони ни помагаат да разбереме дел од оваа таинство, кое е извор и радост на целиот создаден свет.

Нам ни беше тешко, пред сè, да веруваме дека оваа љубов кон Бога ќе се прошири и ќе дојде на нашиот човечки брег: ние сме целта на љубовта на земјата која нема замена. Катехизмот објаснува: „Светото Исусово човештво е… – пат преку кој Светиот Дух нè учи како да се молиме на Бога, нашиот Отец“ (бр. 2664). И тоа е благодатта на нашата вера. Навистина, не можевме да се надеваме на повозвишен повик: Исус, преку своето човештво – Бог ни се стана близок преку Исус – ни го направи достапен самиот живот на Троица, ја отвори, згора на тоа широко таа врата на таинството на љубовта на Отецот, Синот и Светиот Дух.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот