Статуата Марија од Назарет во Гевгелија

Во попладневните часови на 22 мај 2016 година беше преземена статуата Марија од Назарет од парохијата Свети Иван Крстител во Струмица и донесена во парохијата Свети Петар и Павле во Гевгелија.

Верниците со радост ја пречекаа и се поклонија, а преку песни и молитви ја искажуваа благодарноста за сите милости добиени преку неа. Средбата со Марија од Назарет внесе многу радост и мир во самата парохија посебно во душите на верниците, кои пристапуваа со голема побожност.

Мегу верниците најбројни беа децата кои со својот поглед и насмевка ја искажуваа љубовта кон Марија. Исто така и децата од Двневниот центар од Гевгелија со своите претпоставени се поклонија, како и голем број православни верници. Ова е само знак дека Марија е мајка на сите.

к.мк/o.д.т.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот