Средба на семејства во Струмица

На 2 февруари 2014 година во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица е одржана  првата средба за семејства. Оваа средба е организирана во рамките на Годината на семејства, која е прогласена во Апостолскиот егзрхат на 8 јануари оваа година.

На средбата присуствуваа семејства од парохијата, а ќе се одржуваат еднаш седмично. Средбите ќе се состојат од катехизација, молење на света Бројаница во однапред одредено семејство, дискусија и заедништво. Во склоп на овие средби се предвидува и воведување на света Литургија за семејства. Цел на овие средби е семејствата да се запознаат и да растат во верата.

го*ко

Категорија: Македонија

За авторот