Благодарствена Света Литургија за завршената ловна сезона

Благодарствена Света Литургија за завршената ловна сезона

На 4 февруари 2018 година, во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала, и во филијалната црква „Свети Великомаченик Георги“ во Чанаклија, се служеше благодарствена Света Литургија за успешно завршување на ловната сезона.

По повод завршувањето на ловната сезона, ловџиите од парохијата заедно со своите семејства учествуваа на Светата Божествена Литургија, искажувајќи му на Бога благодарност за сите благодати што ги дарувше и што цело време ги чуваше од сите неволји.

Во пригодната проповед, парохот о. Спасо Ристов, се осврна на животот на свети Хуберт, заштитник на ловџиите, препорачувајќи им го секогаш во нивните молитви.

к.мк/З.А

Категорија: Вести, Македонија

За авторот