Бискупот Стојанов ги прими претставниците на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска

Бискупот Стојанов ги прими претставниците на Централната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 22 јануари 2020 година во бискупската резиденција во Скопје го прими заменик државниот секретар во Централната канцеларија за Хрватите надвор од Хрватска, господин Дарио Магдиќ и советникот со посебена положба за прашања на хрватските национални малцинства во странство, господин Милан Бошњак.

На самиот почеток од средбата епископот Стојанов се осврна на еднодневната конференција која се одржа на 21 јануари во Скопје на тема „Статус и положба на националните малцинства во Хрватска и Македонија“ и изрази радост за конструктивноста и учеството на многу институции и членови со надеж дека одржаната конференција ќе донесе плодови. Се заблагодари на државната канцеларија за финансиската помош за обновата на парохијата во Битола, како и благодарност што на самиот почеток од претседателството на Република Хрватска со советот на Европската Унија, премиерот Андреј Пленковиќ го подигна својот глас за Македонија и охрабри на патот за пристапните преговори.

Соговорниците исто така се осврнаа на животот и активностите на Хрватската заедница и епископот Стојанов ја потенцира добрата соработка со амбасадата на Хрватска и сегашната амбасадорка Нивес Тигањ. Исто така се осврнаа и на настаните од посетата на Светиот Отец, папата Фрањо на 7 мај 2019 гдоина во Македонија и доаѓањето на многу поколници од Хрватска по тој повод.

Во знак на благодарност за посетата епископот Стојанов на гостите им подари монографија од Апостолската посета на папата Фрањо во Бугарија и Македонија, издадена од Апостолската нунцијатура. По средбата со бискупот гостите во придружба на скопскиот парох дон Давор Топиќ ја разгедаа катедралата Пресвето Срце Исусово и Спомен куќата Мајка Тереза во Скопје.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот