Совеста – внатрешен простор за наслушување на вистината и на Бог

Ватиикан, 30.6.2013 /к.мк/ – Заедно 90.000 поклоници папата Фрањо на плоштадот Свети Петар ја молеше молитвата Ангел Господов, каде што се обрати говорејќи за совеста, при што спомна дека следејќи ја совеста ја вршиме волјата Божја.

*******************************************

 Драги браќа и сестри!

Евангелието од оваа недела (Лука 9,51-62) ни прикажува еден многу важен дел од животот на Исус: момент во кој – како што пишува свети Лука – Он (со цврста одлучност) тргна по патот за Ерусалим (9, 51). Ерусалим е крајната цел, каде Исус ќе умре и воскресне и со тоа ќе го доврши своето спасително послание.

Од тој час, после таа „цврста одлучност“ Исус оди директно кон целта, а на луѓето кои го сретнуваат и кои бараат од него да го следат отворено и јасно и говори кои се условите за да го наследуваат: да немаат постојано место на живеење; да се одвојат од семејството; да не подлегнуваат на носталгиите од минатото.

Но Исус и вели исто така и на своите ученици, задолжени да појдат пред него на пат кој води до Ерусалим и да го најават неговото поминување, ништо да не наметнуваат; ако некаде не наидат на подготвеност да бидат прифатени, нека заминат од таму и нека продолжат да одат понатаму.

Сето тоа нѐ поттикнува на размислување. На пример ни кажува за важноста на совеста, која и за Исус има многу важна улога: во своето срце да го слуша гласот на Отецот и да го следи. Исус на својот земски живот, не беше „управуван со далечински“: беше Овоплотено Слово, Син Божји кој стана човек и во одреден момент донесе цврста одлука да влезе во Ерусалим по последен пат; таа своја одлука ја донесе во својата совест, но не сам, туку заедно со Отецот, во полно единство со Него! Својата одлука ја донесе со послушност кон Отецот, во длабока, интимна послушност кон неговата волја. И поради тоа таа одлука беше цврста, бидејќи е донесена заедно со Отецот. А во Отецот Исус наоѓаше сила и светло за својот пат.

Така и ние: мораме да научиме да ја слушаме својата совест. Но да внимаваме! Тоа не значи да го следиме своето его, да го правиме она што ме интересира, што ми одговара, што ми се допаѓа… Тоа не е тоа! Совеста е внатрешен простор за наслушување на вистината, доброто, слушање на Бог, тоа е внатрешно место на мојот однос со Него, кој говори на моето срце и ми помага да просудувам, да го сфатам патот по кој мора да одам и кога ќе донесам одлука, да кренам напред, да останам верен.

Папата Бенедикт XVI при тоа ни даде голем пример, кога Господ преку молитвата му даде да сфати кој чекор треба да го преземе. Ја следеше својата совест, со голема смисла за разликување и храброст, односно волјата на Бог кој говори во неговото срце.

Богородица со голема едноставност го слушаше Божјото Слово и длабоко во себе размислуваше за него и она што му се случуваше на Исус. Го следеше својот Син со длабоко уверување, со цврста надеж. Марија нека ни помогне да станеме сè повеќе мажи и жени со совест, способни да слушаме и одлучно да го следиме гласот Божји!

 Твитер порака на Папата

На еден христијанин никогаш не може да му биде досадно и да биде тажен. Кој го љуби Христос, тој е полн со радост и шири радост.

(го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<