Заврши Апостолското патување на папата Фрањо во Малта

Заврши Апостолското патување на папата Фрањо во Малта

Апостолското патување на папата Фрањо на Малта заврши по прошталната церемонија на меѓународниот аеродром во Малта во недела, 3 април 2022 година.

Авионот на Боинг Ер Малта полета кратко после 19.00 часот по локално време по кратката проштална церемонија на меѓународниот аеродром во Малта, во присуство на претседателот Џорџ Веле и други пратеници. Оваа посета двапати беше одложена поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.

Оваа островска држава, која се наоѓа во срцето на Медитеранот, е рај за многумина кои бегаат од насилството, климатските промени, прогонството и сиромаштијата за време на нивните патувања кон Европа.

Темата на апостолското патување: „Ни укажаа необична човекољубивост“ ја нагласува вредноста на гостопримството на островот каде, според Библијата, свети Павле доживеал бродолом на пат кон Рим околу 60 година од нашата ера. Инаку, ова е 36. Апостолско патување на папата Фрањо во странство и прво кое се одржа годинава.

Ова е четврти пат како Папа ја посетува Малта. Светиот папа Иван Павле II двапати ја посети Малта (1990 и 2001 година), а папата Бенедикт XVI ја посети островската држава во 2010 година по повод 1950-годишнината од бродоломот на Свети Павле.

Мислите на Папата за време на патувањето, кое се случи додека војната во Украина сè уште бесне, не беа далеку од страдањата на оние кои се подложени на насилство, бомбардирање и други напади и постојано поттикнуваше на молитва за мир.

Еден од најважните настани на ова апостолско патување беше средбата со властите во Претседателската палата. За време на својот говор, Папата ја осуди војната што беснее во Европа и предупреди дека таа може да претставува закана за целото човештво.

Папата во саботатсо катамаран замина на островот Гозо каде се молеше во националното светилиште Та’Пину. Таму Светиот Отец служеше света Литургија за жителите на Малта, кои 85% се изјаснуваат дека се католици, ја посети пештерата Свети Павле во Рабат, се помоли за мир и братство и се сретна со мигрантите во Центарот за мигранти „Иван XXIII. мировна лабораторија“ во Хал Фаро.

Папата Фрањо слета во Рим околу 20.45 часот по локално време.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот