Свештеник се преправил во бездомник и направил нешто неверојатно!
Американски пастор се одлучил на еден невообичаен потег. Пред претставувањето во новата парохија, тој се преоблекол во бездомник и отишол во својата нова црква, да ги запознае парохјаните.
Ја поминувал црквата полна со луѓе, а само тројца од нив го поздравиле. Барал ситно за да може да купи нешто храна, но никој ништо не му дал. Дури и му советувале да не седи напред, туку да се тргне назад.
Ги поздравувал луѓето, но тие му возвраќале со погрдни погледи полни со презир. Додека седел на крајот од црквата, ги слушал црковните известувања. Кога сè завршило, црковните старешини излегле и возбудено го претставиле новиот пастор.
„Сакаме да ве запознаеме со новиот пастор“. Заедницата гледала наоколу и ракоплескала очекувајќи го неговото доаѓање.
Бездомникот кој седел одзади, станал и се упатил кон напред. Заедницата фокусирана на него престанала да ракоплеска. Отишол до проповедалницата па го земал микрофонот од старешината, земал накратко воздух и рекол:
„Тогаш царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ,Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот; зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме примивте; необлечен бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене’. Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ,Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? Кога Те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме? Кога Те видовме болен, или во затвор и Те посетивме?’ А Царот ќе им одговори и ќе рече: ,Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле’ (Мт 25,34-40)“.
После овој библиски цитат, погледнал кон заедницата па им раскажал сè што доживеал тоа утро. Многумина заплакале, додека мнозина ги наведнале главите од срам. Тогаш продолжил: „Денеска гледам состанок на луѓе, меѓутоа не и Црквата на Исус Христос. Светот има премногу луѓе, меѓутоа недоволно ученици. Кога Вие најпосле ќе одлучите да станете ученици“? После оваа изјава ја распуштил богослужбата до следната недела.
Меѓугорје инфо/С.С.