Светиот Престол објави официјално соопштение за учеството на Конференцијата за климатските промени во шкотскиот град Глазгов. На чело на делегацијата на Светиот Престол е државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.
Делегацијата на Светиот Престол ја изнесе загриженоста на папата Фрањо за нашиот заеднички дом, нагласувајќи го човечкото лице на климатската криза и нејзното влијание на најсиромашните и оние кои најмалку придонеле за предизвикување на кризата, стои во соопштението.
Обврските кои ги преземале државите се амбициозни, се наведува. Тие вклучуваат ограничување на порастот на просечната глобална темепратура на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриското ниво и обезбедување на потребните финансиски средства што е ветувачко и навистина клучно за опстанокот на најранливите заедници.
Делацијата на Светиот Престол ги цени обврските кои државите ги преземале со своите ветувања. Иако е потребно да се направи повеќе, важно е да се биде проактивен во пронаоѓањето на ефикасни начини за спроведувањето на тие ветувања.
Во текот на овие две седмици, воочени се разни „празнини“ во подрачјата на ублажување, прилагодување и финансирање, се наведува во соопштението. Средствата кои се ставени на располагање за овие три аспекти, а се засноваат на постигнувањето на целите на Парискиот договор, треба да се зајакнат и да се обноват за тоа да биде можно. Светиот Престол се надева дека COP26 може да постигне договор за јасниот план за брзо пополнување на овие празнини и дека во тоа развиените земји ќе преземат водство.
Прашањето за загубите и штетите посебно е критично кога станува збор за заедниците кои се најчувствителни на климатските промени, што е препознато и во заедничкиот апел кои го потпишаа верските водачи на 4 октовмри. Папата Фрањо исто така во енцикликата „Laudato Si“ говори за еколошкиот долг и солидарноста која индустријализираните земји го должат на сиромашните, стои во соопштението.
Делегацијата на Светиот Престол се надева дека конечните одлуки од ова Конференција би можеле да бидат вдахнати од вистински чувствителни одговорности кон сегашните и идните генерации, како и од грижата за нашиот заедnички дом и дека тие одлуки ќе одговорат на крикот на Земјата и крикот наjсиромашните (Laudato Si, br. 49). Како што нaпиша Папата во писмото до верниците од Шкотска, времето истекува, ова прилика не смее залудно да се потроши.
Ватикан њуз/к.мк