Светиот Престол го повика ОБСЕ да ја брани верската слобода поради подемот на нетолеранцијата
Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) надбискупот Јануш Урбашчик на конференцијата на 25 и 26 мај за темата за порастот на нетолеранцијата и нееднаквоста поради пандемијата од коронавирусот предупреди на пораст на злосторствата од омраза на верска основа.
Надбискупот Урбашчик говореше за последиците од нетолеранцијата на христијаните на кои со тоа им се кршат човековите права и основните слободи. Како на пример ги наведи заканите, насилствата, убиствата, сквернавењето на цркви и гробови. Ватиканскиот претставник изрази голема загриженост заради разликите на верските уверувања и верските практики, предупредувајќи на ширење на лажни идеи дека религиите негативно би делувала или би ја загрозувале благосостојбата на општеството. Верниците исто така се уверуваат дека молитвата и верските уверување се приватна работна за кои нема место во јавниот живот.
Истакна дека и социјалните мрежи често се користат за понижување на другите и ширење на омраза кон културни, национални или религиски групи. Пандемијата од коронавирусот тој тренд го интензивираше, затоа што луѓето заради ограничување на движењето поминуваат повеќе време на интернет. Дискриминацијата на социјалните мрежи може да води во насилство, како крајна последица на нешто што започнало со исмевање и социјална нетолеранција, предупреди надбискупот Урбашчик.
Затоа ги повика земјите членки на ОБСЕ на промовирање на вроденото достоинство на секој човек и неопходното единство на човечкиот род кои се темелите на секое вистинско демократско општество. Малцинствата мора да бидат слободни за да ја исповедаат и да ја практикуваат својата вера, порача постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Организацијата за безбедност и соработка на Европа.
Затворањето на границите и самоизолацијата придонесоа за пораст на нееднаквоста и дискриминацијата. Ограничени се правата и основните слободи, што вклучува затворање на црквите и рестрикција на богослужбите. Затоа Светиот Престол го повикува ОБСЕ да ја промовира и толеранцијата и основните слободи, што ја вклучува и верската слобода. Толеранцијата не смее да биде алиби за скратување или гарантирање на основните човекови права, заврши надбискупот Урбашчик.
Ватикан њуз/к.мк