Кардинал Тагле: Божиќ во пандемијата повикува на солидарност

Кардинал Тагле: Божиќ во пандемијата повикува на солидарност

Префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите и претседателот на Каритас Интернационалис Луис Антонио Тагле во интервју за Радио Ватикан објавено на 15 декември 2020 година откри на што се надева за овој Божиќ.

На прашањето за специфичноста на овој Божиќ во пандемијата на коронавирусот, кардиналот одговори дека околностите биле многу тешки во Израел во годината на Христовото раѓање. Верува дека страдањата од оваа година ќе ни помогнат да се фокусираме на пораката за надеж и Божиќ. Бог слезе кај нас, никогаш нема да бидеме сами, Емануел – Бог со нас. Сѐ околу нас ќе исчезне – инвестиции, достигнувања, дарови, нашите пари – сè ќе исчезне. „Сè што поврзуваме со Божиќ, ќе исчезне, но Исус кој доаѓа како еден од ангелите, Бог со нас, останува со нас засекогаш – тоа е нашата надеж“, истакна филипинскиот кардинал.

И самиот кардинал Тагле се зарази со Ковид – 19 и им кажува на болните дека во него имаат брат кој ги познава внатрешните превирања, агонија, страв. На сите им порачува дека сме оправдано изненадени од ова – не го очекуваме ова. Како што вели и евангелието: Не знаеме кога ќе дојде Господ – да бидеме подготвени! „Затоа, се надевам дека сите можеме да живееме во секој момент, секој ден од нашиот живот помирени со Бога, помирени со своите ближни. Да не ги одложуваме добрите дела што можеме да ги направиме сега, малите дела, едноставните дела на љубезност, малите дела на правда, дури и само телефонскиот повик, насмевката, споменот – затоа што можеби нема да добиеме друга шанса за тоа.

Папата Фрањо често истакнува дека пандемијата покажува дека никој не може да се спаси сам. Христијаните можат да сторат многу сведочејќи ги тие зборови на Светиот Отец – рече кардинал Тагле, потсетувајќи дека христијаните ширум светот се креативни во славењето на Божиќ.

Оваа година, Божиќ 2020 година во пандемија повикува на солидарност  Се надевам дека ќе можеме да пронајдеме начини за тоа, посебно потсетувајќи ги нашите браќа и сестри дека имаат пријател на кој можат да сметаат. Можеби наместо да заштедам пари за себе, ќе ги заштедам за соседот кој ги нема? Наместо да се почестам самиот себе и моето семејство, зошто да не порачам храна за некого? Постојат многу, многу начини луѓето да почувствуваат дека имаат брат, сестра, пријател – рече кардинал Тагле.

На крајот од разговорот, кардинал Тагле ја откри својата новогодишна желба: луѓето да имаат сила, надеж, верба и радост да ја направат новата година посветла. Не можеме да чекаме да се променат надворешните околности, бидејќи тие може да не се променат. Но, можеме да го смениме својот став и тоа е она што ќе ја направи новата година посветла:- нашата надеж, нашата солидарност, нашата радост – рече кардиналот Тагле на крајот од интервјуто за радио Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот