Папата именува Апостолски визитатор за Меѓугорје

Папата именува Апостолски визитатор за Меѓугорје

Папата Фрањо го именува надбискупот Хенрик Хосер за Апостолски визитатор со посебна улога за парохијата Меѓугорје. Цел на неговото послание е да се обезбеди цврста и постојана придружба на парохиската заедница во Меѓугорје, како и за верниците кои таму доаѓаат на ходочастие, а чиј потреби бараат посебно внимание.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол соопшти на 31 мај 2018 година дека Светиот Отец го именува надбискупот Хосер за Апостолски визитатор со посебна улога за парохијата во Меѓугорје, на неодредено време и со одлука на Светиот Престол (ad nutum Sanctae Sedis).

Во соопштението понатаму стои дека се работи за исклучиво пасторлана служба, продолжувајќи ја мисијата за посебен пратеник на Светиот Престол за парохијата во Меѓугорје, која на бискупот Хисер му беше доверена на 11 февруари 2017 година.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот