Светиот Отец ја посети римската парохија Свети Гргур Велики

Во недела попладне 6 април 2014, Светиот Отец на својата шеста посета на римска парохија беше во парохијата Свети Гргур Велики. Папата беше пречекан од кардинал Валини, потоа помошниот епископ за западниот дел на Рим,монсињор Паоло Селвадаги, како и парохот дон Ренцо Чиеса, како и од  парохиските викари и лаици.

На главинот плоштад, исполнет со парохјани, добродојде посака една професорка заедно со Дарио – дете со инвалидитет – кого Папата искрено го прегрна, по што кратко се заблагодари и рече: Молете за мене, бидејќи од тоа имам потреба!

Потоа Папата се средна со деца и млади кои се подготвуваат за Прва Причест и Миропомазание, како и со извидничката група. Светиот Отец потоа посети болни и стари лица и од нив побара да се молат за него, бидејќи без нивните молитви тој е сиромашен – рече Папата. Се сретна и со брачни парови кои недомана ги имаат крстени своите деца, како и со вереници. Ја посети Куќата на милосрдието, во која сестрите кармелитки, со помош на верниците од парохиијата, примаат сиромашни лица. Во сакристијата исповеда пет лица, а околу 18.00 часот започна со светата Литургија.

Во проповедта Папата истакна дека Исус може да ни помогне да излеземе од гробовите на гревот, од мртвите предели на нашите срца, коментирајќи го евангелието за воскресението на Лазар. Сите ние во срцата имаме подрачја кои не се живи – рече Светиот Отец. Некои имаат повеќе такви места; во нив владее духовно одумирање – и додаде – кога ќе ја согледаме својата состојба, сакаме да излеземе од неа, но не можеме. Само Исус е способен да ни помогне за да излеземе од тие мртви подрачја на срцето, од тие гробови на гревот кои сите ние ги имаме – рече Светиот Отец.

Сите сме грешници – истакна Папта – но ако силно сме приврзани на тие гробови и во себе ги чуваме и не сакаме целото наше срце да воскресне за живот, стануваме расипани, а нашата душа започнува да замирисува, да шири непријатен мирис, мирис на лице кое е приврзано на гревот. Великиот пост на некој начин ни користи токму за тоа, сите ние, кои сме грешници, да не завршиме приврзани за гревот, туку да можеме да го слушнеме она што Исус му го кажа на Лазар: Лазаре излези! – рече Папата и ги поттикна верниците да се прашаат кое е нивното внатрешно одумирање. Кој предел од мојата душа одумира? Каде е мојот гроб: да размислиме, кој дел од срцето може да се расипе затоа што сум приврзан на некој грев?

Треба да се тргне каменот на срамот и да дозволиме Господ да каже, како што му кажа на Лазар: излези! – а потоа напомена Папата – и тоа како ќе оздрави нашата душа, ќе воскресна преку Исусовата љубов, по неговата сила. Тој е способен да ни прости. На сите нас тоа ни треба! Сите сме грешници, но треба да внимаваме да не станеме расипани! Да го слушнеме Исусовиот глас кој со силата на Бог ни вели: Излези од гробот кој го имаш во себе. Јас ти давам живот, јас те правам среќен, јас те благословувам, јас те сакам за себе – напомена Светиот Отец.

Покажувајќи потоа на подарокот кој го донесе за целата заедница, џебно издание на Евангелието, Светиот Отец истакна дека терба секогаш да се носи со себе и да се прочита по некој дел, додека чекаме на ред или додека сме во автобус. Треба постојано да се чита по некој дел од Евангелието; тоа ни прави добро. Помалку, секој ден – рече Папата и додаде дека затоа им донесе таков подарок, на тој начин да го примат Словото Божјо и да го слушнат неговиот глас кој вели: Излези! И да се подготвиме за воскресението.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот