Светиот Отец: Мораме да мислиме на жртвите од модерното ропство
Светиот Отец упати порака до кардинал Винцент Николс, архиепископ од Вестминстер и претседател на Епископската конференција на Англија и Велс, по повод одржувањето на втората дводневната меѓународна конференција на групата Света Марта за борба против трговијата со луѓе, која се одржува во Лондон, а завршува во сабота 6 декември 2014 година. „Благодарен сум на сите присутни за вашата одлучност во борбата протв злото [трговија со луѓе]“, пишува Светиот Отец.
Вашата работа за промовирање дијалог за правни решенија против трговијата со луѓе и за големата грижа за оние кои страдаат од ова ропство посебно се важни заради сокриената природа на ова злосторство. Никогаш не смееме да ги заборавиме и занемариме страдањата на толку многу мажи, жени и деца чие достоинство е прекршено со ова експлоатирање“, пишува папата Фрањо, благодарејќи има на крајот на сите кои се вклучени во оваа борба, ветувајќи им ги своите молитви.
РВ/го*ко