Папата Фрањо упати телеграма до новиот генерален поглавар на Фрањевците фра Фузарели

Папата Фрањо упати телеграма до новиот генерален поглавар на Фрањевците фра Фузарели

Во телеграма, Папата спомена дека се моли за новиот генерален поглавар. Господ да му помогне и да го чува во неговата нова служба.

Серафискиот отец Свети Фрањо нека ви биде охрабрување во раководењето со вашите монаси – посака папата Фрањо во телеграмата упатена до отец Масимо Џовани Фузарели, кој е избран за нов генерален поглавар на Редот на малите Фрањевци (ОФМ). За викар е избран Исауро Улисес, а се избрани и други членови на Одборот на редот.

Во телеграмата, папата Фрањо му порача на новиот генерален поглавар дека се моли за него и го благословува – Господ нека му помогне и нека го чува во извршувањето на неговата служба.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот