Светиот Отец: Бог пред да ни довери некое послание најпрво нѐ подготвува
Кога Господ ќе ни довери некое послание, Тој и нѐ подготвува за добро да го извршиме. А нашиот одговор треба да се заснова на молитва и верност – е главната мисла во проповедта на папата Фрањо на светата Литургија на 13 јуни во капелата на домот Света Марта.
Можно е еден ден да сме храбри противници на идолопоклонствата во служба на Бог, а ден потоа да сме толку потиштени да сакаме да умреме, затоа што некој во текот на нашето послание нѐ исплашил. Тие две крајности на човечката сила и слабост во рамнотежа ги става Бог и секогаш ќе го прави тоа ако Му останеме верни. Тоа е приказната за пророкот Илија опишана во книгата Царства која Светиот Отец ја зема како пример за искуството на секој човек во верата.
Тој познат дел од денешната Литургија зборува за Илија на гората Хореб на која прима повик да излезе од пештерата во која се наоѓа и да се покаже пред Господ. Додека Господ поминува пред него има силен ветар, силен земјотрес, а потоа и оган, но Бог не бил во ниту едно од тоа. По огнот дошло здив од тих ветар, во кој – рече Папата – Илија го препозна Господ кој поминува.
Господ не бил ниту во ветрот, ниту во земјотресот, ниту во огнот, туку бил во оној шепот на тивко ветре, во мир или како што стои во оригиналот – истакна Папата – во оригиналот има прекрасен израз кој вели дека Господ бил во здив од тих ветар. Звучи како противречност: бил во здив на тих ветар – повтори Светиот Отец и додаде – Илија знае да препознае каде е Господ, а Господ го подготвува со дарот на расудување. И потоа му одредува послание.
Посланието кое Бог му го доверува на Илија е да му помага на новиот изралески цар и новиот пророк кој треба да го замени него. Папата Фрањо посебно ја истакнува нежноста и татковското чувство со кои таа задача му се доверува на човек кој инаку силен и ревен сега изгледа поразен. Господ ја подготвува душата, го подготвува срцето, ги подготвува за искушенија, за послушност и истрајност – рече Светиот Отец.
Кога сака да ни довери некое послание, некоја работа Господ нѐ подготвува. Не подготвува тоа да го направиме добро, како што го подготви Илија. Но, нјаважната работа не е во фактот што го сретна Господ – рече Папата – Важен е целиот пат до посланието кое го доверува Господ. Тоа е разлика помеѓу апостолското послание кое ни го дава Господ и некоја задача. Кога Господ доверува некое послание, секогаш нѐ воведува во одредена постапка, постапка на прочистување, постапка на расудување, послушност и молитва. А верноста во таа постапка – додаде Светиот Отец – е во тоа да се препуштиме Господ да нѐ води.
Со Божја помош, Илија го совладува стравот кој во него го разбуди царицата Језавела, заканувајќи му се дека ќе го убие. Таа царица била зла и ги убивала своите непријатели – рече Папата – затоа Илија се плаши. Но, Господ е моќен. Тука гледаме дека Илија оди, послушен е, трпи, расудува, моли и го пронаоѓа Господ. Нека Господ ни подари милост да му дозволиме Тој да нѐ подготвува секој ден на нашиот пат на животот, за да можме да го сведочиме Исусовото спасение – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/Д.И.