Свети бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан

Светите Козма и Дамјан се родени во третиот век во Азија, браќа близнаци, а нивните родители биле од различна вера: татко им бил незнабожец, а мајка им христијанка, која се викала Теодотија.

По смртта на нивниот татко, нивната мајка ги воспитува во христијанската вера, учејќи ги постојано да му служат на Христос. Тие добиле дар од Господ на лекување и својата служба ја извршувале со голема љубов кон ближниот и Христос. За лекувањата не неплаќале, па поради тоа се наречени и бесребреници.

Овие двајца браќа делувале и мисионерски. Покрај телесното здравје, настојувале и да им ја лекуваат душата на своите пациенти. Тие ја користеле секоја можност за да го навестат Христос. Со своето служење на Бог и ближните предизвикале љубомора, завист и омраза кај тврдокорните погани, па затоа и се обвинети дека се служат со магии со цел да ги придобијат поганите за Христос. Градоначалникот Лизиј ги повикал кај себе и ги убедувал да се откажат од Христос. Но тие цврсти во верта не дозволиле да бидат убедени и не се исплашиле од строгите и сурови казни. Затоа Лизиј наредил врзани да ги стават на тешки мачења. Најпрво ги камшикувале, а потоа врзани ги фрлиле во морето. Но Бог на чудесен начин ги избавува од морските длабочини. Потоа се фрлени на клада, но оганот ништо не им наштети, туку ги ослободи нивните врзани раце, а загинаа војниците околу кладата. Лизиј заповедува на своите војници да им бидат отсечени главите. Загинаа со маченичка смрт во Егеј 297година.

Во Рим во нивна чест е изградена црква, во која се пренесени нивните тела. Нив ги почитува целиот христијанки свет. Во 4 век во Сирија е изградена црква посветена на нив, а византискиот цар Јустинијан I (527-565) на нивните гробови подигнува величенствена базилика. Во Цариград се посветени четири цркви во нивна чест, а во римската базилика Света Марија Велика папата Симах во 6 век им посветува еден ораториум. Папата Феликс VI во истиот век во нивна чест гради базилика. Нивните ликови се прикажани и на мозаиците од Равена.

Лекарите и аптекарите ги почитуваат како свои заштитници.

к.мк/го*ко

За авторот