Света Маргарита Марија Алакок (1647-1690)
Секој кој го чествува Срце Исусово сигурно слушнал и за света Маргарита Алакок. Таа од самиот Господ била избрана да биде навестител на пораките на неговото Срце, да биде како што ја нарекува Жан Ладом – надеж на Срцето Исусово.
Родена е на 20. јули 1647. година во Лотекјур, во бургундската општина Веросв, во епархијата Антон, 30 км од Парал ле Монијал. Нејзиниот татко Клоуд Алакок во своето село је вршел службата кралски нотар. Умрел млад, оставајки зад себе многубројно семејство. Неговата вдовица се нашла во многу тешка сосотојба, и затоа морала да се оддели од некои свои деца. Кога Маргарита имала 8 години дадена е на воспитување во заводот Клариса во Шаролес. Таму сретнува средина полна со ревност и духовен живот што нејзе многу ѝ одговарало. Таа, веќе во четвртата година од животот и незнаејќи што прави направила завет на чистота. Било тоа Божји поттик, затоа и атмосферата во Шаролес многу ѝ одговарала.
Тешката болест ја присилила да го остави заводот на сестрите и да се врати дома каде скоро парализирана, боледувала 4 години. Кога оздравела морала да совлада други потешкотии и на крајот од 24 година од животот можела да го оствари своето вистинско звање. До целосна јасност во тоа животно звање дошла при посетата на манастирот на сестрите од „Посета на Блажена Девица Марија“ во Парал ле Монијал. Тоа било на 25 мај 1671. година. Наоѓајќи се тој ден во манастирот јасно во својата внатрешност ги слушнала овие зборови: „Сакам да бидеш овде!“ Во рок од три недели замолила да биде примена во тој манастир, а на 25 август започнала својот новицијат. Следната година, 6 ноември, ја прима монашката облека и во рацете на својата одговорна сестра мајка Марија Франциска де Самаис положила заветите. Од тој час историјата на нејзиниот живот и послание стапува во историјата на манастирот во Парал ле Монијал.
Ако сакаме нејзиниот живот да го одбележиме со главни дати и служби би изгледал вака: 15 мај 1684 година станала асистентка на Мајка Марија Кристина Малин, поглаварка на куќата; 4 јануари 1685. година именувана е за учителка на новицијатките, а таа служба је извршувала до крајот на јануари 1687 година; неколку месеци покасно повторно е именувана за асистентка. Умира на возраст од 43 години на 17 октомври 1690 година. Во живот исполент со тешкотии се крие еден голем и необичен живот на светицата од 16 век, живот достоен во него се вдлабочиме и размислуваме за таквиот живот.
Маргарита Алакок во новиот век стана најголемиот гласноговорник на побожноста кон Срцето Исусово, побожност која освоила големо мноштво луѓе и која и денес во Божјиот народ, меѓу оние кои се без предрасуди живее и донесува обилни духовни плодови. Благодарејќи на наредбата на одговорната сестра на сестра Маргарита, Majka де Самаис, која сакала од близу да ги следи мистичните објавувања во таа млада монахиња и во мај 1673. година и наредила да ги опише, ние дознаваме што се случувало во нејзината душа. Само што започнала по наредба на одговорната сестра да пишува, започнале големите виденија кои нејзиното име го направиле познато по целиот свет. Ние во овој извадок се ограничуваме на четирите главни виденија.
Првото било на празникот свети Иван Крстител, 27 декември 1673 година. Маргарита само што је напуштала куќната болница, отишла во капелата и клекнала до решетките на хорот, каде строго клаузурните редови од монахињите од „Посетата на Блажена Девица” ги извршувале своите побожности и молитви. Тогаш и се укажал Господ и таа сосема јасно ја слушнала пораката: „Моето Божанско Срце толку е разгорено од љубов кон луѓето што повеќе не може да ги задржува искрите од својата пламена љубов, туку мора да ги распрснува. Тебе како понор на невредности и незнаење те избрав да го исполниш тој голем наум, така, Мисијата била јасна, но за да ја изврши ѝ било потребно светлина и благодати, но Господ од тоа не ја скратил. За посебните барања, Тој дава и посебни благодати.
После повеќе други укажувања од помало значење, Господ во почетокот на 1674 година веројатно во петок на Маргарита повторно ѝ објавил нова голема порака. Дека се работило за голема објава сведочел и надворешниот декор на укажувањето. Господ ѝ се укажал со срцето на престол од пламени што биле посјајни од сонцето и проѕирни како најфиниот кристал. Но во тој надворешен сјај според опишувањето на Маргаирта било Исусовото Срце „крунисано со трнова круна што ги симболизира раните што му ги задаваме со своите гревови, а над срцето се наоѓал крст; тој крст е овде од првите часови на неговото овоплотување, а тоа значи од часот кога било обликувано Пресветото срце веднаш во него бил всаден и крстот полн со секакви горчини.“ Описот на Маргарита за тие објави е тежок, рапав и недоделкан. Не ѝ било лесно пишувањето. Но од она што тешко го изразила јасно произлегуваат две работи: најпрво неизмерната љубов на Откупителот кон човекот, а потоа човечките гревови со кои неблагодарните луѓе ја навредуваат таа љубов. Тоа ќе дојде до израз посебно во третата објава, која е јасна синтеза на првите две.
Таа објава се случила неколку месеци подоцна, другиот ден по празникот Тело Христово. Исус тогаш, според описот на светицата, се укажал „целиот во сјајот на славата, со петте рани кои светкале како пет сонца и излегувале пламени од сите страни, посебно пак од неговите чудесни гради кои биле слични на огниште, а биле отворени да ја откријат целата љубов на тоа љубезно Срце, кое било оној вистински извор на тие пламени.“
И тогаш Исус се пожалил на човечката неблагодарност „На сите мои настојувања, луѓето се ладни и небрежни” Исус како возврат за таа неблагодарност бара од Светицата надоместување. Додека тоа го барал, од неговото Срце излегол толку топол пламен што мислела дека ќе ја уништи. Исус во ова порака го додал и ова: „Ќе Ме примаш во светата Причест секогаш кога послушноста ќе ти дозволи” А потоа побарал Причест секој прв петок во месецот, а како подготовка за тоа свет час кој ќе го прави спрострена на земјата, ноќта меѓу четврток и петок од 23 часот до полноќ. И така, во побожноста „Срце Исусово“ воведени се две главни дополнителни вежби: свет час и света Причест секој прв петок во месецот.
Да ја спомнеме уште и четвртата голема објава која е дадена за време на „Осмината за Тело Христово“ меѓу 13 и 20 јуни 1675 Најверојатно тоа било на 16 јуни. Во таа објава Исус се пожалил на раните што му ги задаваат со својата непочит верниците и со светогрдието на неверниците и додал: „А она што најмногу Ме навредува е тоа што го прават и на Мене посветените срца” Како надоместување за тие навреди Христос побарал во петок по „Осмината за Тело Христово“ да се воведе празник Срце Исусово на кој со светата Причест и јавниот опрост ќе се надоместува за навредите нанесени на Господ, додека е изложен на олтарите.
Сакаме ли таа објава да је примениме на сегашната состојба и пракса во Црквата тогаш можеме едноставно да кажеме дека празникот Срце Исусово ќе биде празник на надоместување и задоволување за гревовите на сите луге: и верници и безбожници и на Бога посветени лица, за гревовите од небрежност и светогрдие кон светата Тајна Евхаристија. Ако го земеме во предвид фактот колку денес во светот, но и во Црквата се греши, колку има оскврнувања на светите места каде што пребива Бог во посветени души, тогаш празникот Срце Исусово, како ден на јавно каење, надоместување и задоволување, токму денес има свое посебно оправдување.
Можеме да си замислиме пред каква голема задача се наоѓала сиромашната клаузурна монахиња Маргарита Алакок и тоа со задача која ѝ ја доверил самиот Господ. Господ во тоа не ја оставил сама, туку ја упатил кај својот верен слуга отец Клаудиј Ла Коломбиедре, поглавар на заедница на Исусовци во градот Парал Ле Монијал. Ѝ го рекол буквално ова: „Обрати се на мојот слуга и од мое име кажи му да направи сé што е потребно за воведување на таа побожност и нека ми је направи таа радост.”
Во една подоцнешна објава 1678 година Господ на Маргарита одново ѝ го покажал богатството на своето срце правејќи ја делителка на истото. Можеме само да се восхитуваме за каква возвишена мисија била одбрана светицата од Парал Ле Монијал. Таа се покажала достојна за таа мисија. Со голема ревност се посветила на ширењето на побожноста кон Срцето Исусово. Работела со менталитетот и чуствата кои биле својствени за околината во која живеала, а и времето во кое живеела. Се знае дека и писмено го повикала дури и францускиот цар Луј XVI за своето кралство да го посвети на Срцето Исусово. Во самиот манастир, каде живеела Маргарита на 20 јули 1685. година со новицијатот била направена првата јавна прослава на Срцето Исусово, а на 21 јули идната година се придружила и целата заедница на прославата на Срцето Исусово.
Од тогаш покрај разните препреки движењето „чествување на Срцето Исусово“ не престанало“. Папата Климент XIII на 6 февруари 1765 со декрет одобрил преку Конгрегацијата за обреди со кој се дозволува на полската и римската заедница „Срце Исусово” на кое му припаѓал и самиот папа, празнување на празникот Срце Исусово. Замислата на папата била, тој нов празник да се шири во Црквата по пораките дадени на Маргарита Алакок. Таа била привилигирано средство да се прошири оваа побожност која воЦрквата во разни облици била секогаш присутна и жива, давајќи ѝ некои нови и оригинални акценти.
Современиците на случувањата во Парал Ле Монијал брзо ја откриле посебната добродетел на Маргарита Алакок и се труделе и другите да ги запознаат со неа. Абле Ланкет, генерален викар во Антони после 25 години од смртта на Маргарита започнал постапка за нејзино прогласување за блажена, а напишал и биографија за неа. За среќен исход и брзата постапка за прогласување Маргарита Алакок за блажена ја спречиле јансенистите, како што направиле и за некои други каузи во Франција во 18. век. Кога се стивнале јансенистичките расправии, стивнала француската револуција, каузата за Маргарита Алакок напреднала и папата Пиј IX. на 24 април 1864 година је прогласил за блажена. За светица ја прогласил на 13 мај 1920 година папата Бенедикт XV.
Превод: Сестри Евхаристинки – Гевгелија