Света Клара Асишка
Клара Офердучио е родена на 16 јули 1194 година во градот Асизи во благородничко семејство како најстара ќерка на Фаварон и Хортулана, од чии усти најпрво го примила верското знаење.
Во текот на самото детство го покажувала своето примерно однесување и таленти. Пружила рака на сиромашните, а нејзината жртва да биде што повеќе мила на Бог, за своето тело се откажувала од најдобрата храна. Тајно под скапоцените фустани носела покајнички појас.
А кога гласот за свети Фрањо стигнал до неа, ревносно сакала да го запознае. Подоцна Клара во придружба на Бон ди Гуелфучио тајно и редовно се среќавала со Фрањо, кој доаѓал со Филип Лонг, и сè повеќе била привлечена од неговиот идеал за евангелскиот живот.
Родителите Клара ја ветиле за едно богато момче, па така во ноќта на 18 спрема 19 март 1212 побегнала од домот на своите родители. Прво заминува во Порциункола каде што ја дочекале Фрањо и браќата и ѝ ја отсекле косата, а потоа Фрањо ја сокрива во манастирот на бенедиктинките каде што роднините сепак ја нашле, но Клара останува истрајна во своето служење на Бога.
После неколку дена се преселила во црквата Свети Ангел, а потоа во обновената црква на Свети Дамјан, каде што останува до крајот на својот живот. Набрзо ѝ се приклучува нејзината родена сестра Катарина (која подоцна го зела името Јана) и и најверојатно уште три други девојки. После смртта на таткото на Клара, во црквата на Свети Дамјан дошла и Хортулана, мајката на Клара. Набрзо и гласот за девицата Клара се проширил по околните покраини и многу жени и девојки се упатиле во манастир, како што и момчињата стапувале во монашкиот ред.
Така Клара го основала Вториот ред на фрањевското семејство. Кларисите се контемплативна монашка заедница кои живеат според две правила: оној напишан од самата Клара од 1253 и оној од папата Урбан IVод 1263, со кој се ослободувале поглаварите на Првиот фрањевски Ред од грижата за кларисите. Оваа поделба е присутна сè до денес иако поголем број од манастирите го прифаќаат Правилото на света Клара, Кларисите го поминуваат животот во предание на Бога низ молитва и работа внатре во заедницата, живеејќи исклучиво од Божјата промисла.
Клара починала на 11 август 1253 година , а на 15 август 1255 е прогласена за света. Два дена пред смртта на Клара од Папата добила дозвола да смее таа и сестрите да живеат во целосно сиромаштво; како лично, така и заедничко. Во 1958 година е прогласена за заштитничка на телевизиите врз основа на легендата како поради болест не можела да присуствува на света Литургија видела пренос на Литургијата. Позната е по своите чуда за време на животот и после него. Нјапознато е она истерување на Сарацените после неуспешниот напад на манастирот.
Овој најстрог женски ред на светот денес има 950 манастири во светот со околу 20.000 монахињи.
Фрама портал/к.мк