Пред нас е „Прва сабота во месецот“ и можност на посебен начин да го чествуваме Безгрешното Срце Мариино. Како и зошто? Прочитајте во продолжението.
„Ветувам помош во часот на смртта, со сите милости потребни за спасение, на сите кои пет први саботи, пет – без прекин на месеците ќе се исповедат, примат света Причест, ќе ги измолат петте десетки од Бројаницата со накана да ми дадат надомест.“
На многумина од нас им се познати овие зборови кои Блажена Дева Марија ги упатила на Луција – една од тројцата на кои им се укажала, кои ја виделе во Фатима – во нејзиниот манастир во Понтеверди, Шпанија. Оваа порака, изречена во 1925 година била продолжение на она што Богородица ѝ го рекла на Луција во второто укажување во 1917 година кога ѝ зборува на Луција да остане во светот „затоа што Исус сака да те употреби за да ме запознаат луѓето и засакаат. Тој сака да востанови во светот посветување на моето Безгрешно Срце.“
Може да нѐ изненади оваа барање од Небото дека не е нешто сосема ново. Се вклопува прецизно со долгата традиција на католичката побожност која ги посветува петоците во сеќавање на Исусовото страдање и чествување на неговото Пресвето Срце, затоа е природно да се посвети саботата на Неговата Пресвета Мајка.
Всушност, големата молба од Понтеверде се појавува како радосна кулминација на целото движење за посветувањето. Сѐ започнало спонтано, подоцна охрабрено и уредено од Светиот Престол, и се чини дека провидноста подготвила сѐ за она што доаѓа подоцна. (…)
Блажена Дева Марија – пример за мајчинство и наследување на Христос
Големите теолози од XII и XIII век, свети Бернард од Клерво, Тома Аквински и Бонавентура ја објаснуваат посветената сабота на Марија, укажувајќи на времето кое Христос го поминува во гробот. Првата Велика сабота, кога сите го напуштиле Исус, Марија продолжува да верува, ја докажува својата вера не сомневајќи се ниту момент во ветувањето на Синот за воскресението. Папскиот документ, Директориј за народната побожност и Литургијата, наведува дека во саботата ја спомнуваме Блажена Дева Марија „како пример за мајчинство и наследување на Христос. Засилена со вера и надеж на Велика сабота, кога нашиот Бог лежел во гробот, била само една од учениците кои бдеат во исчекување на Господовото воскресение: тоа е вовед во славењето на неделата, неделно сеќавање на Христовото воскресение и знак дека „Дева Марија постојано е присутна и активна во животот на Црквата.“
Обичајот за посветувањето на саботните Литургии на Марија се приближил на посебен начин во манастирите од различни редови, а се проширил брзо во целата Црква. Затоа, во текот на раните векови на Црквата сабота поприма маријански тон, дури и постот во тој ден се поврзува со Марија.
За време на вториот милениум на христијанство, други големи души ја унапредуваат и облагородуваат оваа побожност. Кардиналот Петар Дамијан (1072) поттикнува маријанско саботно празнување. За време на крстоносните војни, Петар Амиенс почнува борба за Константинопол во сабота, 8 март 1096 година под заштита на Блажена Дева Марија. Папата Урбан II (1088 – 1099) ги поттикнува верниците на молитва во чест на Блажена Дева Марија за крстоносците.
Побожноста на Маријанските саботи низ вековите
Во вековите кои следеле, побожноста на Маријанските саботи била изразена во некои локални заедници. Тој бил ден кога верниците тргнувале на ходочастие, разни братства ги одржувале своите средби во сабота. Во некои места седумте Богородични жалости ги одбележувале седумте саботи без прекин.
Петнаесет саботи пред празникот Пресвета Богородица Царица на Бројаницата, 7 октомври, потсетуваат на 15 десетки од Бројаницата, во некои краишта тоа бил ден кога се благословувало сеењето и се благословувала и жетвата. Ирската верзија на саботата посветена на Марија е позната како петнаесета сабота на Бројаницата. Оваа побожност се состои од примање на света Причест и молитва со најмалку пет десетки од Бројаницата во текот на денот или навечер 15 непрекинати саботи или со медитација на таинствата на Бројаницата на некој друг начин.
Трите златни саботи кои следат после празникот на архангел Михаил се слават во Австрија, Чешка и Баварија со примање на светите Тајни посебно свечено на местата за ходочастие. И денес се присутни овие обележја на овие традиционални прослави во наведените културолошки кругови.
Меѓу фрањевците се зголемува чествувањето на Безгрешното зачнување што исто така принесува за Маријанските саботи. Правилото на редот од 1633 година одредува славењето на света Литургија во чест на оваа таинство.
Реформите од Вториот ватикански собор не ја укинале традицијата на Литургијата во чест на Богородица. Денес најсилен белег на Маријанската врска со саботата го гледаме во Литургијата. Саботата е посветена на Марија преку Литургијата или молитвените часови за Блажена Дева Марија. Со овие литургиски чинови христијаните ја величат личноста Марија на начин на кој Црквата ја обновува Христовата жртва и ја продолжува неговата Молитва.
Посвета на Безгрешното срце
Првите знаци за општа посвета на саботата во чест на Блажена Дева Марија поврзани со нејзиното Безгрешно Срце доаѓаат од светиот Иван Едуес кој што папата Пио X. го нарекол отец, доктор и апостол на Безгрешното Срце. Преку него оваа посвета станала општо позната и одобрена од Црквата. Свети Иван Едуес, како теолог, прв ја објаснил оваа посветеност на Богородичното срце во својата книга, Преубавото срце Мариино. Празникот на Безгрешното Срце Мариино кој се слави првата сабота после празникот на Пресветото Срце Исусово (кој се слави првиот петок после Тело Христово) е востановен во 1644 година како празник заштитник на неговата конгрегација за свештеници, за кој тој ја составил литургијата и службата.
Во модерно време ги следиме понатамошните фокусирања и продлабочувања на оваа побожност. Во 1889 година папата Леон доделува на сите верници потполн опрост за добро познатата побожност на петнаесетте непрекинати саботи. Овој Папа, кој напишал 12 енциклики за Бројаницата, и во јуни 1899 година го посветил целиот свет на Пресветото Срце Исусово, замолен е да направи сличен чин за чествувањето (празнувањето) на Безгрешното Срце Мариино. Двајцата, папи Лео XIII и неговиот претходник, папата Пио IX, чувствувале дека на ваков начин треба да ја почестат и Богородица, но дека сѐ уште не е вистинското време за тоа.
Првата сабота за надомест
Година 1889. Италијанката Марија Инглезе, поттикната од внатрешна објава, ја востановила побожноста за надомест на Безгрешното Срце Мариино со одобрување и препорака од нејзиниот владика. Во 1904 година составила серија молитви за секое таинство на Бројаницата, како и молитви за светиот час на надоместувањето за Марија. Ги однела во Рим и Свети Пио X веднаш ги одобрува и топло ја охрабрува Марија да го продолжи својот апостолат. Тој подоцна во Црквата ја поттикнува оваа побожност, одобрувајќи дополнителни опрости на 13 јуни 1912 година. Според тоа, со Пио X започнува посветата на првата сабота за надомест на Безгрешното Срце.
Сите верници, кои во првите саботи или првите недели во дванаесет непрекинати месеци посветат некое време на гласна или внатрешна молитва во чест на Безгрешна Дева Марија и нејзиното зачнување, ќе добијат во секој од овие денови потполн опрост. Услови: Исповед, Света Причест и молитва по накана на Светиот Отец.
Пет години подоцна, на истиот датум, 13 јуни, се објавува Безгрешното Срце на величествен начин „завиткано во трње кое го прободуваат“. Сестра Луција подоцна за тоа ќе каже: „Разбравме дека тоа беше Безгрешното Срце Мариино, преплашено од гревовите на човештвото, кое бара надомест.“ Тоа исто така беше денот кога Богородица ѝ рекла на Луција да остане во светот затоа што „Исус сака да останеш во светот за светот да ме запознае и засака. Тој сака да воспоставиш посветување на светот на моето Безгрешно Срце.“
Месец дена подоцна, 13 јули, на третото укажување во Фатима, децата имаат јасна визија за осудените души. Богородица им вели: „Го видовте пеколот, местото во кое одат кутрите грешници. Бог сака да востанови посвета на светот на моето Безгрешно Срце. Ќе дојдам и ќе барам посвета на Русија на моето Пресвето Срце и надомест со првите саботи. Ако биде како што барам, многу души ќе бидат спасени и ќе настапи мир.“ Богородица ќе чека осум години тоа да го побара од Луција.
Барање од небото
Пет години пред оваа барање, на 13 ноември 1920 година Црквата, во личноста Бенедикт XV, поттикнува на посвета на саботата како надомест, обезбедувајќи нови опрости со оваа побожност, кога се практикуваат први осум саботи непрекинато.
Подоцна, 10 декември 1925 година, Небото ги кристализира сите побожности и ги запечатува со величественото ветување од Блажена Дева Марија. Марија и Исус се објавуваат на Луција во манастирот во Понтеверде. Богородица ја потпира својата рака на рамото на Луција ѝ го покажува своето срце опкружено со трња.
Детето Исус вели: „Имајте милост кон Срцето на вашата света Мајка, покриено со трња кои неблагодарните луѓе го прободуваат секој момент и нема никој да даде надомест.“
Богородица понатаму вели: „Погледни, ќерко моја, моето Срце, опкружено со трња со кои неблагодарните луѓе го прободуваат секој момент со своите богохулство и неблагодарности.“
Барем ти обиди се да ме утешиш и јас ветувам помош во смртниот час, со сите милости потребни за спасение, на сите оние кои пет први саботи непрекинато во следните месеци ќе се исповедат, ќе примат Свта Причест, измолат пет десетки од Ббројаницата и ќе медитираат петнаесетина минути за таинствата на Бројаницата со намера да ми дадат надомест.
Сигурност дека ќе ги добиеме сите потребни милости за спасение во моментот на смртта
Колку е величествено да се види како Небото постепено делува во градењето на душите. До времето на објава, голем дел веќе бил подготвен, така да се чини дека Небото само го крунисало тоа големо движење на католичката побожност. Во барање Папата да ја одобри оваа побожност како надомест која е објавена во Понтеверде, Богородица всушност не барала ништо ново. Провидноста внимателно сѐ подготвила така што оваа барање од 1925 година било само едно во низата папски одлуки кои воделе кон дефинирање на побожноста на првите саботи на начин на кој што сега го знаеме.
Постојат уште многу елементи во порака во Понтеверде, кои можеме да ги забележиме во отстапките кои што само Небото може да ги обезбеди, Дева Марија не барала петнаесет, дваесет или осум саботи посветени на неа. Таа барала само пет саботи – онолку колку што има десетки во Бројаницата.
Пред сѐ, ветувањата поврзани со пораката за посветување толку многу значат што би било лудост да се игнорираат. Не само што обезбедуваат опрост (изоставување на казната за веќе простените гревови) туку и многу повеќе милости – сигурност дека ќе ги добиеме сите потребни милости за спасение во моментот на смртта.
Нашиот Бог навистина е великодушен, и нежен кон својата Мајка; со искрена желба, да ја утеши ѝ дава толку големи ветувања во замена за нашата љубов. Посилно ветување од оваа, тешко можеме да замислиме.
Жена Врсна/к.мк