Не споредувајте се со другите, вие сте уникатно Божјо дело!

Не споредувајте се со другите, вие сте уникатно Божјо дело!

Секогаш кога гледате дека некој во нешто е пред вас, а некој позади вас, во себе внесувате толку негативни чувства кои со текот на времето сѐ потешко ќе се ослободувате од нив. Колку повеќе навлегувате во животот таа навика на споредување ќе ја ширите и утврдувате, ќе ја зацврстувате во сите области на вашиот живот. Ако на почетокот сте се споредувале само во еден сегмент, подоцна доаѓате во искушение да се споредувате и во сите области од вашиот живот.

Уште повеќе, доколку по некое време почнувате да се споредувате со сѐ повеќе и повеќе луѓе и вашиот живот сѐ повеќе ќе се претвора во пекол. Не знаете како им е на другите, не знаете од каде тргнале и која е нивната цел, па како можете тогаш да се споредувате со нив. Каква е ползата од тоа? Замислете да се споредуваат двајца тркачи кои трчаат на две различни патеки. Би се запрашале зошто тоа, кога секој од нив има свој почеток и крај, секој од нив трча по различна патека?

Секој од нас има свој животен пат и свое животно послание и нема потреба да се споредуваме кој од кого повеќе направил. Секој од нас има различни способности. Нема да го споредуваме нечие уметничко дело со нечија спортска активност. Животот е плејада од различни искуства и секој од нас може и би требало да му биде на другиот инспирација, поттик, богатство во различноста, а не во конкуренцијата. Само со таков став можеме да одиме напред.

Бог ни го дарува животот за да го живееме, а не да го споредуваме. Но, ако сакаме да се споредуваме, само се споредуваме со извалканата верзија од себе си, да се обидеме да бидеме подобри од она што сме биле вчера. Бог нема никогаш да нѐ споредува меѓусебно, туку ќе нѐ праша што направивме со нашите таланти кои сме ги добиле, како ги развивавме. Затоа наместо својот живот да го упропастиме со споредување, да го збогатиме со заблагодарување, и тогаш ќе видете како среќата и мирот доаѓаат.

Марио Жувела/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот