Руските власти казнија католичка парохија

Москва, 6.4.2013 /к.мк/ – Во рамките на инспекциите на невладините организации (НВО) руските власти изрекоа огромна парична казна и против една католичка парохија. Јавното обвинителство ја терети парохијата во јужниот руски град Новочеркаск во Ростов за непочитување на законот за заштита од пожар. Парохискиот свештеник изјави дека поради големата казна Црквата не е во можност да ја плати изречената казна.

Според извештајот парохијата има недостаток од финансии за да може да ги исполни противпожарните барања на руските власти. Трошоците за спроведување се проценуваат на околу 5.000 евра. Овие противпожарни барања на руските власти не важат за мнозинската црква во Русија.

Руските власти во текот на месец март извршија проверка на илјадници организации, кај некој се одземени и компјутери. Организациите за заштита на човечките права, како и некои влади ги критизираат постапките на руските власти. Руски организации за заштита на граѓанските права говорат дека репресиите се како во времето на диктатурата во Советскиот сојуз за време на Сталин.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<