Обединетите нации: Заради коронавирусот 49 милиони луѓе во опасност од глад

Обединетите нации: Заради коронавирусот 49 милиони луѓе во опасност од глад

Во светот се очекува глобална прехранбена криза која ќе погоди стотина милиони деца и возрасни, ако не се преземаат мерки за ублажување на последиците од пандемијата од Ковид-19 – предупреди генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во видео пораката во која извести за главните точки на студијата по тоа прашање.

Во светот веќе 820 милиони луѓе страдаат од глад од кои 144 милиони деца помали од 5 години – потсети генералниот секретар на Обединетите нации и истакна дека на тој број оваа година би можело да се придружат уште 49 милиони луѓе кои ќе влезат во состојба на крајно сиромаштво заради економските ефекти на пандемијата. Всушност, се проценува дека падот на светскиот БДП ќе предизвика уште 0,7 милиони гладни деца.

Нашите прехранбени системи повеќе не функционираат, па така и во земјите каде храната е во изобилство постои опасноста од прекин на синџирот на снабдување со храна – рече Гутереш и напомена: Затоа приоритетите се зајакнување на прехранбената индустрија, заштита на работниците и зачувување на меѓународната помош и трговската размена. Еден од најголемите ризици е зголемување на цената – рече за Радио Ватикан Емануела Кутели гласноговорник за Италија на Светската прехранбена програма на Обединетите нации и истакна: Цената на храната, а посебно на јајцата, овошјето и зеленчукот веќе десет пати се зголеми заради мерките кои се преземени за да се запре заразата. На тоа во најсиромашните земји им се придружува и фактот дека многу семејства немаат сопствен приход за да можат да купат храна.

Мора да спречиме здравствената пандемија која ја предизвика болеста Ковид-19 да не стане пандемија на гладот. Важно е да се одржат програмите за прехранбена сигурност, посебно за децата. Една од програмите за која се зазема Светската прехранбена програма на Обединетите нации, обезбедува храна за 100 милиони луѓе во светот на т.н. училишна исхрана. Моментално 370 милиони деца кои во училиштата не добиваат оброци, вклувајќи и 14 милиони од оние кои ги обезбедуваше Светската прехранбена програма на Обединетите нации. Заедно со УНИЦЕФ бараме други начини за децата и понатаму да примаат оброци можеби не во училиштето, туку во својот дом. Таа храна е основна за нивниот раст, за нивната заедница и за земјата – заклучи Емануела Кутели.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот