Со света архиерејска Литургија парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица го прослави 10 годишниот јубилеј од основањето

Со света архиерејска Литургија парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица го прослави 10 годишниот јубилеј од основањето

Во недела 5 ноември 2023 година во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица со свечена архиерејска Литургија, која ја предводеше Н:В.П. монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх, е прославен јубилејот 10 години од основање на парохијата.

Со епископот Стојанов сослужуваа деканот на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“ при Струмичко – скопската епархија, директор на Македонски Каритас и ректор на светилиштето во Паљурци протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, парохот на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица протојереј отец Гоце Костов, катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, парохот во Богданци протојереј ставрофор отец Томе Ангелов, поранешниот катедрален парох протојереј ставрофор отец Гоерги Трајков, парохот во Радово отец Илија Стојанов, парохот во Сарај и Чанаклија отец Ванчо Назов, катедралниот капелан отец Трајче Ташев и капеланот во Радово отец Атанас Сирачев.

На свечената света архиерејска Литургија присуствуваа сестри Евхаристинки, австрискиот амбасадар во Македонија Н:Е. Мартин Памер, верници од парохијата и околните парохии, пријатели и поддржувачи.

Свеченоста започна со процесија, а во својата проповед епископот Стојанов на почетокот ги поздрави присутните честитајќи 10-годишнина од основање на парохијата Свети Иван Крстител, 10 години од порталот Католици.мк и 10 години парохиска служба во оваа парохија, на првиот парох, о. протоереј Гоце Костов.

Зборувајќи за тоа што значи 10-годишното постоење на оваа прекрасна црква Раѓање на Свети Иван Крстител, епископот Стојанов праша: Зарем нејзината камбанарија која е издигната како рака кон небото нѐ не повикува постојано на молитва и додаде: Како дом Божји, овој посветен простор ги собира своите верници и е место на духовни средби меѓу човекот и Бога. (…) Тука се крштеваат нашите деца и возрасни и на тој начин влегуваат во заедницата на спасените. Тука се примаат Светите Тајни, Свето Миропомазание и Света Евхаристија, кои нè воведуваат во целосно заедништво на Христовата Црква. Тајните на бракот се слават овде. Тука, по погребот и збогувањето со нашите најблиски кои се упокоени и се погребани на гробиштата, се служат свети Литургии за нивните души за нивна вечна среќа. Тука се пее, се моли Света Бројаница, се извршуваат разни други духовни обреди со еден збор тука заеднички се слави Бога – рече владиката Стојанов.

Во продолжение ги спомна и порталот Католици.мк и Радио Марија кои го пренесуваат гласот на Црквата во домовите, посебно за оние кои не се во можност заради болест или поодминати години да појдат во неа.

Искажувајќи голема благодарност на Бога ги спомна и благовесниците на Евангелието и пастирите, свештениците, пред сè оние кои работеле и работат во струмичката заедница. Тој истакна дека оваа парохија е ќерка на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ под чија што парохија до пред 10 години припаѓаа сите верници и ги спомна по име сите свештеници кои делувале во неа.

Потоа епископот Стојанов ги охрабри верниците преку Словото наменето за неделното литургиско Евангелие.

Пред крајот од светата Литургија го благослови црковниот одбор и одборот на Парохискиот Каритас.

Во склоп на просславата на јубиелјо, во сабота вечерта на 4 ноември 2023 година во парохиската сала „Мајка Тереза“се одржа свечена академија по повод јубилејот 10 години од основање на парохијата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот