Ангел Господов: Доброто секогаш расте на понизен, сокриен, често невидлив начин

Ангел Господов: Доброто секогаш расте на понизен, сокриен, често невидлив начин

Во своето неделно обраќање на 13 јуни 2021 година, папата Фрањо ги охрабри верниците да имаат внимателни очи за да видат дека скриеното Божјо присуство секогаш е со нас и работи во нашите животи и во историјата.

Дури и на најнеплодното тло, со Бог секогаш има надеж за нови никулци – рече папата Фрањо во своето пладнево обраќање пред молитвата Ангел Господов, одржана од прозорецот на Апостолската палата, охрабрувајќи ги верниците да не дозволуваат да ги опфати недоверба и малодушност кога ќе ја видат слабоста на доброто во однос на привидната моќ на злото. или кога и покрај нивното ангажирање нема резултати и кога изгледа дека работите не се менуваат. Тој ги охрабри да веруваат во Бог кој дејствува како мало добро семе.

Коментирајќи ги двете параболи од Евангелието на денешната Литургија, кои се вдахновени од реалниот живот и го откриваат внимателниот поглед на Исус кој ја набљудува реалноста, Папата истакна дека Исус, зборувајќи на едноставен начин кој е лесно разбирлив, со сликите од секојдевниот живот нè поучува дека и секојдневните работи имаат значење, бидејќи во нив се наоѓа скриеното Божјо присуство. Затоа ни требаат внимателни очи за да знаеме како да го бараме и да го пронајдеме Бога во сите работи – напомена Папата.

Исус го споредува Царството Божјо, односно неговото присуство кое престојува во срцето на работите и светот, со синапово зрно, најмалото семе што постои. Сепак, фрлено на земја, расте сè додека не стане големо бујно дрво. Така дејствува Бог – објасни Папата и додаде: Понекогаш вревата на светот, со многу активности што ги исполнуваат нашите денови, не спречува да застанеме и да видиме како Господ ја води историјата.

Сепак, евангелието ни зборува дека Бог е на дело, како мало добро семе, кое микнува тивко и полека. И семето на нашите добри дела може да изгледа незначително; но сè што е добро му припаѓа на Бога и затоа понизно, полека носи плод. Да запомнеме, доброто секогаш расте на понизен, сокриен, честопати невидлив начин – истакна Папата. Затоа е потребен нов поглед за нас самите и за реалноста; евангелието бара да имаме поголеми очи што знаат да гледаат подалеку, особено подалеку од привидот, како би ја откриле Божјата присутност, која е како понизна љубов, секогаш на дело на просторот на нашите животи и историја.

Тоа е нашата доверба, ни дава сила трпеливо да одиме напред секој ден, сеејќи го доброто кое ќе донесе плод. Колку е важно ваквото однесување и за излегување од пандемијата! – истакна папата Фрањо и ги охрабри верниците да веруваат дека се во Божји раце, но и дека истовремено сите ние се стремиме кон обновување и нов почеток, трпеливо и упорно.

Потоа Папата забележа дека плевелот на недоверба може да расте и во Црквата, особено кога сме сведоци на криза на верата и неуспех на разни проекти и иницијативи, Папата истакна дека никогаш не смееме да заборавиме дека резултатите од сеидбата не зависат од нашите способности, туку од Божјото дејствување. Наше е да сееме со љубов, посветеност и трпеливост. Но, силата на семето е божествена.

Исус го објасни ова со другата парабола, за човекот што фрла семе во земјата, а потоа не е свесен како дава плод, бидејќи семето расте само, спонтано, дење и ноќе, кога најмалку се надева. Со Бога, дури и на најнеплодното тло, секогаш има надеж за нови никнувања – рече папата Фрањо и ја повика Пресвета Богородица, понизната слигинка Господова, да нè научи да ја гледаме величината на Бога како дејствува во мали нешта и да се надмине искушението на малодушност.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести

За авторот